Македонија

Едно лице се бори за живот – Македонски пратеник предивикал сообраќајка

Пратеникот е приведен

Ноќеска во 00,45 часот, во селото Марино во близина на Скопје на крстосницата од ул.10 и сервисната улица, се случила сообраќајна незгода помеѓу џип Хундаи Туксон управуван од Сашко Јанчев од Гевгелија и мопед Јијинг управувано од М.Д село Идризово, јавува Радио Лидер.

Од незгодата со повреди се задобиле учесникот М.Д и сопатничката А.Т од населба Илинден, кои со возило на итната медицинска помош биле пренесени во државната клиника Мајка Тереза во Скопје.

Лицето М.Д се бори за живот.

По инцидентот и известувањето до Јавен обвинител со наредба пратеникот Сашко Јанчев е лишен од слобода и приведен во Полициската станица со општа надлежност Центар.

Учесникот и пријавител на незгодата Сашко Јанчев е пратеник во Собрание од партијата Левица.

Партијата Левица попладнево објави дека Јанчев не бил под дејство на алкохол и дека не бил виновен за сообраќајката.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски до Филипче: Ја манипулиравте јавноста со поскапување на струјата, а вие направивте катаклизма во енергетскиот сектор

Зошто ја манипулиравте јавоста со поскапувања од над пет проценти, па над десет проценти, па не излезе толку, излезе 2 запирка нешто проценти

Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофа, сега градиме иднина

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седницата на Советот на Град Скопје, при разгледувањето на Буџетот за 2026 година, се обрати со детална анализа на наследената финансиска и институционална состојба и постигнатите резултати во краток период.

122 години од издавањето на „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков

„Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“

To top