Свет

Илон Маск го напушта Трамп

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск,  ја напушта администрацијата на претседателот Доналд Трамп, објавува Би-Би-Си. Во објава на неговата платформа за социјални медиуми X, Маск му се заблагодари на Трамп за можноста да помогне во водењето на Одделот за владина ефикасност, познат како DOGE. Неговата улога во администрацијата беше привремена и неговото заминување не е […]

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск,  ја напушта администрацијата на претседателот Доналд Трамп, објавува Би-Би-Си.

Во објава на неговата платформа за социјални медиуми X, Маск му се заблагодари на Трамп за можноста да помогне во водењето на Одделот за владина ефикасност, познат како DOGE.

Неговата улога во администрацијата беше привремена и неговото заминување не е неочекувано.

Порано оваа недела, Маск рече дека е „разочаран“ од законот за буџет на Трамп, кој предлага неколку билиони долари намалување на даноците и зголемување на трошоците за одбрана.

Според него, „погрешната пресметка“ на претседателот ќе го зголеми федералниот дефицит. Тој рече дека ова би можело да ја поткопа и работата на DOGE.

Маск првично вети дека ќе го намали буџетот на федералната влада за најмалку 2 билиони долари.

Околу 260.000 вработени беа отпуштени како резултат на DOGE. Во некои случаи, федералните судии блокираа масовни отпуштања и наредија отпуштените вработени да бидат вратени на работа.

Маск кон крајот на април објави дека ќе се повлече за да се посвети на своите компании.

Неговиот мандат се совпадна со значителен пад на продажбата во неговата компанија за електрични автомобили, „Тесла“. Продажбата падна за 13% во првиот квартал од годината.

Најнови вести од: Свет

Новиот пристап на ЕУ предизвика остра критика кај новинарите

Иницијативата на Советот на Европската Унија да поканува инфлуенсери (креатори на содржини) на самитите на лидерите и министерските состаноци предизвика остра реакција кај новинарите кои редовно ги следат работите на ЕУ.

САД и Иран блиску до договор, но остануваат неколку клучни разлики

Иранската новинска агенција „Фарс“ ја демантира изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормускиот Теснец ќе биде целосно отворен, велејќи дека теснецот ќе остане под иранска контрола.

To top