Свет

Со руски МиГ-ови ќе соборуваат руски дронови

Министерот за одбрана на Бугарија, Атанас Запрјанов, вели дека земјата е подготвена да соборува руски беспилотни летала со авиони МиГ-29

 

Реакцијата на Полска на руските беспилотни летала што го нарушија нејзиниот воздушен простор беше многу соодветна, оцени министерот пренесуваат бугарски медиуми.

„Почнува операцијата ‘Источна стража’. Ја сфаќаме сериозно оваа провокација“, нагласи Запрјанов.

Според него, не треба да ги потценуваме постапките на Москва.

Од интервјуто на Запрјанов се дознава дека Бугарија презела мерки за заштита на својот воздушен простор.

„Нашите МиГ-29 се подготвени да соборуваат руски беспилотни летала“, објасни воениот министер.

„Луѓето треба да бидат смирени – ние преземаме мерки, НАТО презема мерки.

Внимателно го следиме североисточниот правец“, увери Запријанов.

Тој соопшти и дека Бугарија ќе земе заем од над 3 милијарди евра, кои ќе одат за 9 проекти за вооружување. Секој од овие проекти ќе помине низ Народното собрание.

„Заемот е исклучително профитабилен и ќе се враќа во текот на 40 години. Првите 10 години се бесплатни“, дополнително прецизираше Запрјанов. Станува збор за програмата SAFE на ЕУ.

Најнови вести од: Свет

Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави ќе потпишат договор за забрзување на развојот на нуклеарната енергија

Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави ќе потпишат значаен договор за забрзување на развојот на нуклеарната енергија за време на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп, кој започнува утре.

To top