Македонија Бизнис

ССМ: Со мали плати нема продуктивност!

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) останува на ставот дека треба да се зголеми не само минималната плата, туку и платите воопшто во Македонија. Според претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, земјата е една од земјите во регионот со најниска и просечна минимална плата. „Работниците во Македонија се најмалку платени на Балканот, а камоли во Европа. […]

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) останува на ставот дека треба да се зголеми не само минималната плата, туку и платите воопшто во Македонија.

Според претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, земјата е една од земјите во регионот со најниска и просечна минимална плата.

„Работниците во Македонија се најмалку платени на Балканот, а камоли во Европа. За жал, ние сме една од земјите во регионот со најниски просечни и минимални плати. Не слушаме од спротивната страна, ниту од Владата, ниту од работодавачите, да преземат сериозни чекори напред, иако слушнавме дека во Србија од 1 октомври минималната плата ќе биде 500 евра…

Дури и со повисока плата од онаа што ја бараме, работниците, за жал, ја напуштаат земјата, но не само поради платите, туку и незадоволни од условите во кои живееме“, нагласи Трендафилов вчера пред конференцијата на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) по повод нејзината 20-годишнина.

Тој спомена дека продуктивноста треба да се насочи само преку едно нешто – зголемување на платите.

„Нашите работници во Црна Гора, Словенија, Германија, Србија, Хрватска, Австрија се продуктивни бидејќи платите таму се три до четири пати повисоки отколку овде“, рече Трендафилов, додавајќи дека ако работодавците планираат да не им плаќаат на работниците како што прават денес, не можат да очекуваат раст на продуктивноста.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top