Македонија

Меѓународен ден на демократијата: Каде е рангирана Македонија?!

По повод меѓународниот ден на демократијата, средношколците учеа за нејзиното значење и важноста на демократските избори, токму во Собранието на Македонија. Спикерот Гаши им порача дека тоа што денес државата го прави за нив, тие во иднина треба да го прават за следните генерации.

Меѓународниот ден на демократијата се одбележува секоја година на 15 септември. Неговите корени потекнуваат од Универзалната декларација за демократија на Меѓународниот парламент, усвоена во 1997 година. Со резолуција на Обединетите нации од 2007 година, овој датум стана официјален повод светот да се потсети на принципите на демократијата: владеење на правото, човекови права, фер избори, слобода на медиумите и учество на граѓаните. Прв пат беше одбележан во 2008 година и оттогаш секоја година добива нова тема – од младинско учество, преку дигитални закани, до улогата на медиумите. Главната порака е дека демократијата не е статична цел, туку процес што бара постојана грижа и од властите и од граѓаните.

Денес, состојбата со демократијата во светот е загрижувачка:

Состојбата со слободата во Македонија се влошила минатата година, а авторитаризмот се засилил, утврди Фридом Хаус, во својот годишен извештај.

  • „Земјата продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и заплашување. Насилството и репресијата на политичките противници за време на изборите, тековните вооружени конфликти и ширењето на авторитарни практики придонесоа за 19-тата година на опаѓање на слободата. Во годината што доаѓа, сите оние кои ја разбираат вредноста на политичките права и граѓанските слободи мора да работат заедно во одбрана на демократијата“, се наведува во извештајот од Фридом Хаус.

  • Според извештајот „Freedom in the World 2025“ на Freedom House, Македонија е во категоријата ‘Partly Free’ (делумно слободна). Земјата доби вкупно 67 / 100 поени — со 28 / 40 за политички права и 39 / 60 за граѓански слободи.

  • Во извештаите “Nations in Transit” (Freedom House), Македонија е оценета како Transitional or Hybrid Regime (преоден / хибриден режим). Последната вредност е Democracy Score = 3.79 / 7 и Democracy Percentage = 46.43 / 100 за 2024-та година.

  • Според The Economist’s Democracy Index 2024, Северна Македонија е на 62-то место на глобалната листа.

Демократијата не е само право на избори, туку и гаранција за независни институции, еднаквост пред законот, права на малцинства и можност за слободен јавен дискурс. Кога овие столбови се поткопуваат, изборите се претвораат во празна форма без суштина. Опасноста е што процесите на назадување често се случуваат постепено и незабележливо: денес се ограничува медиум, утре се менува изборен закон, задутре се потиснува граѓанското општество. Така државите се лизгаат кон автократија без отворен судир, но со длабоки последици.

Европската Унија ја потврдува виталната важност на почитувањето на демократските принципи, човековите права и владеењето на правото, признавајќи дека тие денес се поважни од кога било и се основа на нашите општества, соопшти Европската комисија по повод Меѓународниот ден на демократијата – 15 септември.

  • Демократијата се соочува со невидени предизвици низ целиот свет. Гледаме зголемена манипулација, странско мешање и дезинформации. Ова го поткопува пристапот до сигурни информации, како резултат на што се еродира довербата на јавноста во демократските институции и процеси, се наведува во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хана Виркунен и еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото Мајкл Мекграт.

Најнови вести од: Македонија

Али Ахмети го „прослави“ 2 мај, „Денот на прогласувањето на Карадак како зона ослободена од УЧК во 2001“ и порача: Тоа е и натаму „симбол на отпор“!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера го „прослави“ 2 мај „Денот на прогласувањето на Карадак како ослободена територија“ од страна на УЧК во 2001 година“, означувајќи го овој датум како „важен момент во новата историја“. „Во Слупчане е напишана една од најзначајните страници, а прогласувањето на Карадак како слободна зона е доказ за решителност за слобода, достоинство и еднаквост. Карадак и неговите жители остануваат симбол на отпор и единство за поправична иднина.“ – рече Ахмети. Со оваа своја порака тој отвори дилема: каков „симбол на отпор“, но и кон кого, продолжува да биде и денес ова „прогласување територија ослободена од борците на УЧК во мај 2001“?! Претседателот на ДУИ Ахмети „прославува“ и денес „25 години од прогласувањето слободна зона“ инаку на територијата на унитарната држава Македонија!

Османи ќе се „жали“ во ЕУ за „влошувањето на меѓуетничките односи и кршењето на Охридскиот договор“, но и за евроинтеграцијата

„Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи е во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе оствари серија средби со претставници на Европската комисија, Службата за надворешни работи на ЕУ, како и со европратеници. Според најавата, во центарот на вниманието на овие средби ќе бидат прашања поврзани со европската перспектива на земјата, забрзувањето на евроинтеграцијата и актуелните политички предизвици.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Филипче водат политика за корист на кланот Заеви и подготвени се да ги дораспродадат македонските интереси со лажната проевропска агенда!

„Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда додека во реалноста нема план и стратегија.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Најнови вести

To top