Македонија

Итната помош интервенирала дури 13 пати во Трубарево, една жена е на Токсикологија

Директорот на Клиниката за токсикологија, д-р Арѓенд Имери, соопшти дека пациентката што е примена во текот на ноќта е во добра состојба. Во текот на денот на Клиниката за токсикологија имало уште тројца пациенти на амбулантски преглед.

Екипите на Итната медицинска помош во текот на ноќта извршиле 13 интервенции во реонот на скопското село Трубарево, а едно лице е пренесено на Клиниката за токсикологија, соопшти денеска министерот за здравство, Азир Алиу и додаде дека е извршен и транспорт на неподвижно лице до друго населено место.

  • „Здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици од пожарите. Од извршените интервенции на Итната медицинска помош само едно лице е транспортирано на Клиниката за токсикологија. Кризниот штаб што веднаш го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземат соодветни мерки согласно околностите“, рече Алиу

Директорот на Клиниката за токсикологија, д-р Арѓенд Имери, соопшти дека пациентката што е примена во текот на ноќта е во добра состојба.

  • „Пацинетката има и други придружни симптоми и од тие причини е задржана на лекување. Но, најважно е дека се наоѓа во добра состојба“, рече тој.

Во текот на денот на Клиниката имало уште тројца пациенти на амбулантски преглед.

Најнови вести од: Македонија

Најчевска: 2001 е чин на терор според правото, сега е време да започнат постапки против водачите на терористичките групи, овие дела не застаруваат!

Професорката Мирјана Најчевска реагираше со објава на својот фејсбук-профил по коментарот на Арбен Таравари дека „УЧК и нејзините борци не се терористи“ и неговото барање „веднаш да се смени натписот“ на спомен-плочата на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ за загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година.

To top