Македонија

Уплатил 25 илјади американски долари мислејќи дека купува „форд мустанг“

Измама преку социјални медиуми

На 15.09.2025 во 14:05 часот во ОВР Гостивар, 29-годишник од гостиварско село пријавил дека бил измамен од Г.П. од САД за сума од 25.000 американски долари. Според пријавеното, на 03.09.2025  преку социјални мрежи тој стапил во контакт со лицето и се договориле да купи патничко возило „форд мустанг“ олдтајмер од 1968 година и првата поливина од цената да ја плати веднаш, а другата откако ќе го добие возилото. Како што е пријавено.

 

Тој извршил уплата во филијалата на банка во Гостивар и по неколку дена изгубил секаков контакт со лицето, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Најнови вести од: Македонија

Обвинение против газдата Трифун Костовски, син му и соработниците за стечајот на Еуростандард банка

Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, пријавените придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од 1.662.417.664 денари, или околу 27 милиони евра.

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста – објави претседателката.

To top