Македонија

ВРЕДИ: За да остане на власт, ДУИ ја продава Струга на Левица

Во соопштение за медиумите, Коалицијата ја обвинува ДУИ дека има „мрачен договор“и дека изгубила секаков вид политичка ориентација

 

„Мрачниот договор што е постигнат помеѓу пратеникот на Ахмети, Кренар Лога, и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вклучувајќи ја и неговата генерална секретарка, Јована Мојсовска, не е ништо повеќе од тешко предавство на стружани.

Сценариото е јасно: Мојсовска влегува како „изненадувачки“ кандидат во Струга, со мисија да ги собере гласовите на македонскиот блок, наводно за да ја спречи победата во првиот круг на кандидатот поддржан од ВЛЕН, Менди Ќурес. Ова е срамен план, оркестриран од Лога и ДУИ, кои отворено соработуваат со политички сили кои ги изградиле своите кариери врз албанофобија.“

„Ова е најсилниот доказ дека ДУИ е подготвена да згази сè само за да остане релевантна на сцената. За нив, моќта е поважна од достоинството на Албанците, сомнителните зделки со албанофобите вредат повеќе од иднината на жителите на Струга.“

„ВРЕДИ силно го осудува овој валкан план и го повикува јавното мислење да не стане жртва на сценаријата оркестрирани во темни ходници.

Прашањето е едноставно и останува неодговорено: за што се согласија Кренар Лога и Апасиев?

Да ја продадат Струга?

Да ги спречат промените?

Да ја одржат во живот скапаната влада со корупција и криминал што преовладува во Струга во последните 20 години“, шрашуваат од ВРЕДИ

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе

Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став по дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата Христијан Мицскоски.

Мицкоски: Македонија има потреба од самодоверба

Доста бевме „Македончиња“, треба да бидеме Македонци. Македонија има потреба од народ што верува во своите способности. Има потреба од институции што работат, економија што создава вредност, образование што создава знаење а не просечност, порача премиерот

Сали: Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во 2007, оти беше без одлука на владата, a протестите на ДУИ се политички мотивирани!

Протестите на ДУИ се политички мотивирани, а Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во Тетово зашто била донесена без да се испочитуваат законот и процедурите, изјави денеска Беким Сали од коалицијата Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања. Сали појасни дека новата постапка во Тетово веќе е започната, но овој пат ќе се води строго според законските прописи.

To top