Свет

Робинсон во преписка со неговиот трансродов цимер го признава убиството на Чарли Кирк, излегоа и детали од тој разговор

Случајот со осомничениот за убиството на познатиот говорник Чарли Кирк доби драматичен пресврт кога цимерот и партнер на осомничениот, кој е трансродова личност им предал на истражителите серија текстуални пораки разменети на денот на убиството,

Случајот со осомничениот за убиството на познатиот говорник Чарли Кирк доби драматичен пресврт кога цимерот и партнер на осомничениот, кој е трансродова личност им предал на истражителите серија текстуални пораки разменети на денот на убиството, пренесува Ројтерс.

Цимерот се допишувал со 22-годишниот партнер Тајлер Робинсон, осомничен за убиството, за кого обвинителите од Јута најавија дека ќе побараат смртна казна.

Во преписката, Робинсон директно ја признава ликвидацијата, објаснувајќи ја како акт на отпор против, како што рекол, „омразата“ на Кирк.

Робинсон: Што и да правиш, сопри и погледни под мојата тастатура.

(цимерот наоѓа ливче на кое пишува: „Добив шанса да го симнам Чарли Кирк и ќе ја искористам.“)

Цимерот: Што? Се шегуваш, нели?

Робинсон: Сè уште сум добро, љубов моја, но заглавив во Орем уште малку. Не би требало долго да се задржам, ама морам да ја земам пушката. Искрено, се надевав дека ова ќе остане тајна до гроб. Жал ми е што те вклучив во ова.

Цимерот: Не си го направил тоа, нели?

Робинсон: Го сторив тоа. Жал ми е.

Цимерот: Мислев дека веќе фатија некој?

Робинсон: Не, фатија некој стар лудак, а потоа испрашуваа друг што бил во слична облека. Планирав веднаш потоа да ја земам пушката, ама целиот тој дел од градот е блокиран. Тивко е, речиси доволно за да излезам, ама има едно возило што стои таму.

Цимерот: Зошто?

Робинсон: Зошто го направив тоа?

Цимерот: Да.

Робинсон: Доста ми беше од неговата омраза (на говорникот Чарли Кирк). За некои работи нема преговарање. Ако успеам незабележливо да ја земам пушката, нема да оставам никаков траг. Ќе се обидам повторно да стигнам до неа, се надевам дека се тргнале. Не видов дека нашле нешто.

Цимерот: Колку долго го планираше ова?

Робинсон: Нешто повеќе од една недела, мислам. Можам да ѝ се доближам (на пушката), ама има паркирано полициско возило покрај неа. Мислам дека веќе го пребарале тоа место, ама не сакам да ризикувам.

Робинсон: Требаше да се вратам и да ја земам веднаш штом стигнав до колата… Се плашам што ќе направи татко ми ако не ја вратам дедовата пушка… Не знам ни дали има сериски број, ама не би ја имал до мене. Се плашам за отисоци – морав да ја оставам во грмушка каде што се пресоблеков. Немав можност ни време да ја понесам со себе… Можеби ќе морам да ја оставам и да се надевам дека нема да најдат отисоци. Како (пцовка) да му објаснам на татко ми дека ја изгубив… Единственото нешто што го оставив беше пушката завиткана во пешкир…

Се сеќаваш како ги гравирав куршумите? Тие пораки (со пцовки) се главно мемиња, шеговити пораки. Ако на „Фокс Њуз“ ја видам таа порака, ќе добијам мозочен удар. Океј, ќе морам да ја оставам, навистина е (пцовка)… Според ова што се случи денеска, би рекол дека дедовата пушка функционира одлично. Мислам дека оној телескопски нишан чинеше околу 2.000 долари.

Робинсон: Избриши ја оваа преписка.

Робинсон: Тато сака фотографии од пушката… Вели дека дедо сака да знае кој што има, агентите објавија фотографија од пушката и многу е специфична. Ми ѕвони сега, не се јавува.

Робинсон: Откога се врати Трамп, (татко ми) стана тврдокорен поддржувач на движењето МАГА.

Робинсон: Ќе се предадам доброволно, еден од соседите тука е заменик шериф.

Робинсон: Само за тебе се грижам, љубов моја.

Цимерот: Многу повеќе се грижам за тебе.

Робинсон: Те молам, не разговарај со медиумите, не давај интервјуа, ниту изјави… Ако те праша нешто полицијата, барај адвокат и молчи.

Додека американската јавност ја очекува разврската за убиството, осомничениот Робинсон не зборувал многу на првото онлајн рочиште, освен што си го потврдил името.

Обвинителството објавило дека тие имаат низа текстуални пораки од него до партнерката/цимерот во кои признава дека го убил Чарли Кирк.

Најнови вести од: Свет

Франс 24: ЕУ разгледува контрамерки како одговор на заканите на Трамп за Гренланд

Земјите-членки на Европската унија разгледуваат контрамерки, како одговор на царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп поради претензии кон Гренланд, и покрај противењето на Данска и ЕУ, јави Франс 24

Шпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа

Шпанија има најдолга железничка мрежа по Кина, а ова е прва несреќа со брз воз. Во неа загинаа најмалку 39 лица, а властите стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми во наредните часови, бидејќи уште 152 лица се повредени, од кои некои потешко.

(Видео): Најмалку 39 мртви во Шпанија при судар на два воза, луѓето сè уште се извлекуваат од вагоните

Во возот Ирјо имало 300 патници, а во возот Ренфе Алвија 184 луѓе. Шпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа. Претседателот на Андалузија, Хуан Мануел Морено, изјави дека регионалните власти се преоптоварени од обемот на катастрофата. Морено, непосредно пред обраќањето на шпанскиот премиер Педро Санчез, изјави дека ова е „невидена катастрофа“ што „едноставно ги надмина нашите можности како локална администрација“.

Најмалку седум лица загинаа, а неколку се тешко ранети во експлозија во елитниот дел на Кабул, во Авганистан (Видео)

Седум лица загинаа, а неколку други се ранети во експлозија пред кинески ресторан во населбата Шахр-е-Нав во Кабул, каде што живеат претежно странци, соопштија болничките власти. – Експлозијата се случи во хотел на улицата Гулфароши, во четвртиот округ на Кабул, и има жртви, изјави портпаролот на полицијата во Кабул, Халид Задран, објави АФП.

„Брисел морнинг“: Денес расправа во Европскиот парламент за предлогот да им се изгласа недоверба на Лаен и ЕК – Се проценува оти нема да успее

„Европскиот парламент ќе дебатира за најновиот поднес предлог да ѝ се изгласа недоверба на шефицата на Европската комисија Урсула Лаен и на сиот состав на оваа комисија. Дебатата почнува денес, на 19 јануари навечер, а гласањето е закажано за в четврток. Групите „Патриоти за Европа“, „ECR“ и „Европа на суверени нации“ го поднесоа предлогот, наведувајќи загриженост во врска со трговскиот договор ЕУ-Меркосур и парламентарниот надзор. Предлогот бара двотретинско мнозинство од гласовите, што претставува мнозинство од сите пратеници во Европскиот парламент, за да биде усвоен. Проценките се дека нема да успее ниту овој најнов обид да се тргне Лаен од кормилото на ЕУ.“ – извести од Стразбур информативниот портал „Брисел Морнинг“.

To top