Македонија

Мицкоски: Се сомневаме кој може да стои зад пожарите, но не би коментирал како и каде, географски

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервјуто за ТВ Алсат напомна дека не би сакал да изнесува во овој момент детали околу надворешните влијанија.

„Имаме основани сомневања за тоа кој би можел да биде инспираторот на сето ова, што се случи.“ – изјави премиерот Христијан Мицкоски во неговото гостување вечерва во главната информативна програма на телевизијаа Алсат. Како што рече, тој не би сакал да дава детали околу надворешните влијанија, но откри дека постојат основани сомневања за девијантно однесување во земјата за група од 20 лица, пишува Алсат.

„Не би коментирал каде и како, географски, но она што го кажувам е врз основа на информациите, што ги имам и основаните сомневања, со кои располагаме како влада. Веќе имаме група од околу 20 лица, кои се под следење, за кои постои основано сомнение дека се однесувале на девијантен начин во изминатиот период. Им препуштам на надлежните органи да си ја завршат работата.“ – нагласи премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top