Македонија

Дебакл на Витанов во судирот со Златев – Симболот на Лајонес шемата негира дека е измамник

Јавното обвинителство, УЈП и Финансиската полиција се уште молчат за скандалот

Дебакл на Зоран Витанов во судирот со Љупчо Златев откако симболот на Лајонес шемата во која илјадници луѓе беа измамени негира дека тој самиот е измамник.

Дебатата во емисијата Стадион на Канал 77 која ја водеше Столе Наумов а гости беа Зоран Витанов и Љупчо Златев помина во убедување на јавноста дека Витанов е најголема жртва на измамата во која илјадници луѓе загубија сериозна сума пари во операцијата која ја спровеле повеќе форми со кои соработувал Витанов.

На моменти е емисијата е комична иако за огромен број луѓе кои давале сериозни суми пари како инвестиција се работи за трагична ситуација.

Скандалозните тези на Витанов и аргументите на Златев кој тврди дека се работи за нелегална пирамидална шема во видеото.

https://www.facebook.com/watch/?v=1467533324347659&surface_type=vod&referral_source=vod_deeplink_unit

Преходно на Радио Лидер жртви на пирамидалната шема раскажуваа како се случувала измамата на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Панова: СДС го блокираат изборниот закон и можноста Македонците од дијаспората полесно да го остварат своето право на глас

„СДС повторно избра да ги кочи процесите наместо да понуди решенија. Додека декларативно зборуваат за демократија, во пракса го блокираат Изборниот законик и можноста Македонците од дијаспората полесно да го остварат своето право на глас. 10.000 амандмани против македонската дијаспора!“ – нагласува Ели Панова од ВМРО ДПМНЕ на својот фејсбук-профил.

Алиу: За бубрег чекаат 168 пациенти, а за срце 37 – новиот систем за дарување органи почнува од 1 октомври 2026

Во моментот имаме 168 пациенти што чекаат за бубрег, 37 пациенти што чекаат за срце, 12 за црн дроб и 23 за рожници. Затоа новото законско решение за органодарителство е голем исчекор кон здравствениот систем во државата. Ова го истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција посветена на трансплантацијата.

Обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство: барал 100 илјади евра мито, за да одобри увоз на вештачко ѓубре!

Според неофицијални информации, станува збор за Васе Анакиев, директор на Државниот инспекторат за земјоделие, кој бил фатен при барање и примање поткуп од околу 50.000 евра. Анакиев е на функцијата од јули 2024 година. На 19.03.2026 година, откако пријавителот преку сведок му ја предал првата рата од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода при преземањето на парите од полициски службеници.

Во скопски Аеродром девојчиња ѝ удираат шлаканици на врсничка и ја влечат за коса, додека моли за милост, клекната на колена, а други ја снимаат „забавата“! (Видео)

На општествените мрежи се појави вознемирувачка снимка, која прикажува нов случај на брутално врсничко насилство меѓу малолетници во скопската населба Аеродром: девојче е физички и психички малтретирано од група малолетници, додека присутните го снимаат инцидентот без да интервенираат. Ова предизвика бурни реакции во јавноста.

Најнови вести

To top