Македонија

Вреди: ДУИ и пред овие локални избори говори за „референдум“, но на 19 октомври ќе заврши нејзината националистичка измама!

ДУИ по 20 години, откако беше на власт, остави празнина, неуспех и сиромаштија во општините. Владата со Вреди во неа за една и пол година обезбеди рекордни инвестиции и конкретни проекти.

„ДУИ има едноставен рецепт две децении: кога доаѓаат локални избори, не зборува за општини, туку измислува референдуми, националистички теми и знамиња, само за да го скрие својот срамен неуспех.“ – наведува коалицијата Вреди во своето соопштение.

Натаму вреди истакнува: Фактот е јасен и не може да се негира: Во текот на 20-те години од својата власт кадрите на ДУИ ја уништија секоја општина, со која управуваа. Денес, по две децении на власт, многу општини, во кои живеат и Албанци, сè уште немаат вода за пиење, канализација, основна инфраструктура, училишта со достоинствени услови, или центри за деца и стари лица. Граѓаните продолжуваат да живеат во беда, додека функционерите на ДУИ се збогатуваат на нивна сметка.

ДУИ точно знае: ако се зборува за општините, трката ќе ја изгуби. Затоа бегаат од реалноста и измислуваат референдуми секој пат кога ќе се соочат со разочаран граѓанин. Во меѓувреме Владата со Вреди во неа само за една и пол година одвои 80 милиони евра за општините, во кои живеат и Албанци. Тоа се конкретни инвестиции, проекти што отвораат нови патишта, градат училишта, носат вода за пиење и подобри услови за секојдневниот живот.

Разликата е голема и опиплива: ДУИ по 20 години остави празнина, неуспех и сиромаштија во општините. Владата со Вреди во неа за една и пол година обезбеди рекордни инвестиции и конкретни проекти. На 19 октомври граѓаните ќе стават крај на националистичката измама на ДУИ. Нема знаме, што ја покрива корупцијата, нема референдум, што ги крие неуспесите. Општините ќе им се вратат на граѓаните, на нивна услуга, со отвореност и развој.

Ние сме клучот за повторно издигнување на општините, во кои живеат и Албанци. Минатото на ДУИ е срамно, иднината со нас е сигурна. – наведува коалицијата Вреди во своето денешно соопштение.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Му го одзеле возилото, возел без возачка и под дејство на алкохол во Неготино

Неготинец бил лишен од слобода и му било одземено возилото, откако полицијата денеска констатирала дека возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола. – Денеска во 1:20 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С., […]

СЕММ повикува на одговорно известување за протестите поврзани со „Safe City“

Советот за етика во медиумите потсетува дека протестите и чувствителните теми бараат сеопфатен контекст, внимателен јазик и избегнување генерализации што можат да поттикнат поларизација

Милосављевиќ со торжествена возбуда до Секуловска: Ние сме фашисти, треба сите да не стрелаат!

,,Некој би рекол дека тврдењето засновано на прелистување социјални мрежи и лични фрустрации е еднакво глупо како и се останато што со децении излегува од подрумот на Фрчко, но јас сум сигурен дека греши”

To top