Македонија Хроника

Oсми „Марш за ангелите“ во Кочани

Денеска, 31 мај, во Кочани ќе се одржи осмиот по ред „Марш за ангелите“ – тивок, но одлучен протест во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Граѓаните ќе се соберат во 16:05 часот во Паркот на револуцијата – време кое симболизира задоцнети институционални реакции. Маршот ќе се движи по утврдена рута: од паркот, […]

Денеска, 31 мај, во Кочани ќе се одржи осмиот по ред „Марш за ангелите“ – тивок, но одлучен протест во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Граѓаните ќе се соберат во 16:05 часот во Паркот на револуцијата – време кое симболизира задоцнети институционални реакции.

Маршот ќе се движи по утврдена рута: од паркот, преку трговскиот центар, Општинската зграда и Полицијата, со завршна точка пред Судот и Јавното обвинителство.

Организаторите апелираат до сите што ја поддржуваат борбата за одговорност и правда да им се придружат. Посебен повик упатуваат до семејствата на повредените – да маршираат заедно, во знак на солидарност и поддршка.

Истрагата за пожарот е завршена. Вкупно 46 лица се осомничени во истрагата на ОЈО Скопје, и 14 полициски службеници во постапката која ја води Обвинителството за гонење организиран криминал. Се товарат за тешки кривични дела против општата сигурност.

Истражниот тим од 13 обвинители од Кочани, Скопје, Штип и Куманово ја завршија истрагата пред законски предвидениот рок. Работеа и издаваа наредби за прибирање на докази, документација, вештачења од обдукциите за да се утврдат причините за смрт на починатите. Се вршеа и градежни вештачења, безбедносни стандарди, како и начинот на настанување и ширење на пожарот.

Извршени се распити на околу 400 сведоци и оштетени, а испитани се и осомничените. Од бројни електронски уреди (компјутери и мобилни телефони) се вршеше извлекување и анализа на податоци, кои се вкрстуваа со останатите информации добиени во текот на истрагата. Во однос на работата и функционирањето на клубот проверки по насока на јавен обвинител вршеше и Управата за финансиска полиција“, соопштија од ОЈО Скопје.

Течат роковите каде одбраната може да предложи свои докази. Доказите за полициските службеници пак, ќе бидат доставени до Обвинителството за гонење организиран криминал, каде истрагата се уште е во тек. Осоминчени за пожарот во дискотеката на 16 март каде загинаа 62 лица, се тројцата поранешни градоначалници на Кочани, кои раководеле со општината од отворањето на дискотеката до денот кога изгоре. Ефективниот притвор им беше заменет со куќен притвор.

Осомничени се и поранешните министри за економија за издавање на лиценци на дискотеката иако не ги исполнувала условите, во куќен притвор се екс министрите Беким Незири и Ваљон Сарачини, како и Крешник Бектеши откако ефективниот притвор му беше заменет со куќен притвор.

Во куќен притвор е и поранешниот директор на пазарниот инспекторат Горан Трајковски, како и поранешниот и актуелен директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Осомничени и во притвор како и со мерки на претпазливост се и сопственикот на дискотеката, сопственикот на објектот, обезбедувањето таа вечер, полициски службеници.

Најнови вести од: Македонија Хроника

(Фото): Хаос на граница пред продолжениот викенд

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, велат од МВР и додаваат дека на истиот граничен премин, до 10 часот, поминале над 11 илјади државјани на други земји. Од македонска страна, не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата и додаваат дека се преземни мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

(Фото): Синдикален марш: 260.000 работници живеат со плата под 600 евра, мал број излегоа на протест

ССМ и годинава со протест го одбележа Први Мај – Денот на трудот. Протестот започна пред зградата на Сојузот на синдикати, продолжи кон Собранието, па пред Стопанската комора, а заврши пред Владата. Синдикалците со јасни барања: Повисока минимална плата, почитување на колективните договори и подобра заштита на работниците на нивните работни места. Предупредија дека состојбата е сериозна. Само во 2025 година 31 работник заминал на работа и не се вратил дома.

АНБ разби радикална терористичка група поврзани со Исламска држава и со обидот за палежот на еврејската синагога во Скопје!

Агенцијата за национална безбедност согласно своите надлежности презеде оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје. Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности.

To top