Македонија

Го сменија името на школото „25 мај“ во скопска Гази Баба

Коалицијата ВРЕДИ објави во соопштение за медиумите дека основното училиште „25 Мај“ во скопската населба Ченто (општина Гази Баба) отсега ќе се вика „22 Ноември“. Оттаму велат дека училиштето го враќа својот заслужен идентитет. „ВРЕДИ, како најрепрезентативна, најгласна и најрешителна сила во заштитата на албанските национални интереси, продолжува да носи значајни и историски промени во […]

Коалицијата ВРЕДИ објави во соопштение за медиумите дека основното училиште „25 Мај“ во скопската населба Ченто (општина Гази Баба) отсега ќе се вика „22 Ноември“.

Оттаму велат дека училиштето го враќа својот заслужен идентитет.

„ВРЕДИ, како најрепрезентативна, најгласна и најрешителна сила во заштитата на албанските национални интереси, продолжува да носи значајни и историски промени во нашата земја. Денес, со посебно задоволство и гордост, ја поздравуваме одлуката на Општинскиот совет Гази Баба за промена на името на основното училиште „25 Мај“ во Ченто, кое отсега ќе го носи името „22 Ноември“, (Ден на албанскаа азбука) се наведува во соопштението од коалицијата ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top