Свет

И Португалија ја призна Палестина

Осуда на гладот ​​и уништувањето во Газа како и „проширувањето на израелските населби на Западниот Брег

 

 

„Признавањето на државата Палестина е реализација на фундаментална, постојана линија на португалската надворешна политика“, изјави Рангел пред новинарите во седиштето на португалската мисија во Обединетите нации во Њујорк. Тој додаде дека „Португалија е посветена на решението со две држави како единствен пат кон праведен и траен мир, за итен прекин на огнот“.

Тој истакна дека Хамас „не може да има никаква форма на контрола во или надвор од Газа“ и повика на ослободување на сите заложници.
Рангел, исто така, рече дека признавањето на државата Палестина „не ја брише хуманитарната катастрофа во Газа“.

Тој го осуди гладот ​​и уништувањето во Газа и „проширувањето на израелските населби на Западниот Брег“.

Португалија ја призна Палестина откако Велика Британија, Канада и Австралија претходно го сторија тоа.

Најнови вести од: Свет

Вештачката интелигенција ја презема работата, но не и последниот збор

Резултатите покажуваат дека вештачката интелигенција добива сè поголема улога во секојдневното банкарство, особено во комуникацијата и безбедноста. Но, кога станува збор за одлуки што директно влијаат врз финансиската иднина на клиентите, банкарските службеници засега ја задржуваат предноста.

Зеленски: Ограничувањето за напади врз руските рафинерии веќе не важи

Тој ја критикуваше подготвеноста на Вашингтон да склучува деловни договори со Москва, како и очигледното восхитување на американскиот претседател Доналд Трамп кон рускиот претседател, пренесува „Фајненшел тајмс“

To top