Регион

Четири земјотреси ја стресоа Света Гора

Света Гора е дом на средновековни монашки заедници само за мажи

Полуостровот Атос (третиот крак на полуостровот Халкидики) во Грција рано утрово беше погоден од серија земјотреси, од кои најсилниот беше 5,0 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

На полуостровот Атос се наоѓа Света Гора, автономна област,  која претставува еден од најзначајните православни центри во светот. каде се сместени манастири од повеќе православни земји и е дом на средновековни монашки заедници само за мажи.

Земјотрес со јачина од 4,8 степени го погоди полусостровот Атос во северна Грција во раните утрински часови во понеделник, но нема извештаи за повредени или штети, јави Катимерини.

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од пет километри, околу 10 километри јужно од манастирот Хиландар.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами.

Грција, една од земјите во Европа кои се најсклони на земјотреси, се наоѓа на границата на африканските и евроазиските тектонски плочи, чија постојана интеракција предизвикува честа сеизмичка активност.

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top