Македонија

„Плусинфо“ дознава: ДУИ нема да признае пораз на локалните избори во Чаир

Доколку успее да ги убеди членството и симпатизерите дека со предизборен инженеринг се суспендира волјата на мнозинството Албанци, ДУИ планира тоа да го искористи како иницијална каписла за постизборни протести

Анкетите што пристигнуваат во штабот на ДУИ во Чаир, покажуваат апсолутната предност е во полза на Изет Меџити, кандидатот на ВРЕДИ, па затоа почнува да се разработува план за оспорување на изборните резултати, дознава Плусинфо од партиски извори.

„Наводно, Бујар Османи сметал дека треба да се инвестира во градење лажна перцепција во јавноста дека ДУИ води пред ВРЕДИ со разлика 3:1, за да се претстави како извесен победник.

Иако повеќето релевантни истражувања упатуваат дека рејтинзите на коалицијата на ДУИ и на коалицијата ВРЕДИ се речиси изедначени, Османи сметал дека вечерта на 19 октомври треба да ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Изет Меџити дека му ја украле победата и затоа да не го признава поразот“, пишува Плусинфо.

(…)

„Доколку успее да ги убеди членството и симпатизерите дека со предизборен инженеринг се суспендира волјата на мнозинството Албанци, ДУИ планира тоа да го искористи како иницијална каписла за постизборни протести, кои треба да предизвикаат политичка криза“, дознава Плусинфо.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top