
Активни се три пожари – во општина Гевгелија, Кожуф планина, кај село Пeтрово (букова шума), општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат), општина Студеничани, помеѓу селата Цветово и Драчевица, м.в.Умoво (шума).
Под контрола се четири пожари во општина Гази Баба, село Трубарево (електричен отпад), општина Гази Баба 2, село Виниче, м.в. Муратица (нискостеблеста шума), општина Студеничани, село Батинци (ниска вегетација и мешана шума) и општина Демир Хисар, градска депонија (ѓубре).