Македонија

Полицијата уапси 6 лица на автопатот Тетово – Гостивар, им се заканува затвор

Максималната казна за ова кривично дело е до 3 години затвор

Полицијата лишила од слобода шест возачи на патот Тетово- Гостивар поради пребрзо возење.

На 21.09.2025 на патот Тетово- Гостивар полициските службеници од СВР Тетово лишиле од слобода шест лица поради пребрзо возење на патот каде максимална дозволена брзина е 80 километри на час.

Во 15:25 часот кај клучка Камењане ја лишија од слобода Е.А.(29) од Тетово, која управувала патничко возило ,,голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 158 километри на час, а во 16:40 часот го лишија од слобода С.М.(30) од Гостивар, кој управувал патничко возило ,,пасат“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 152 километри на час.

Истиот ден во 14:25 часот кај наплатната станица Гостивар од слобода е лишен Н.Ј.(58) од с.Неготино, кој управувал патничко возило ,,ауди“ со гостиварски регистерски ознаки со брзина од 158 километри на час, во 14:30 часот од слобода е лишен Ќ.М.(66) од с.Дебреше кој управувал патничко возило ,,фолксваген кади“ со швајцарски национални ознаки со брзина 167 километри на час, во 15:40 часот од слобода е лишен Н.Б.(30) од с.Синичане, тетовско, кој управувал патничко возило ,,мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 151 километри на час, а во 17:00 часот од слобода е лишен Г.Н.(50) од Битола, кој управувал патничко возило ,,пасат“ со битолски регистерски ознаки со брзина од 152 километри на час. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци согласно член 297-а од КЗ ,,безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од: Македонија

Вештачката интелигенција е секојдневие за македонските ученици, но сепак имаат слаби резултати во математика, читање и наука!

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации.

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

To top