Македонија

„Тетова сот“: Нов голем раскол во НАИ на ДУИ и Ахмети во Струга! Мерко им го сврте грбот и ја поддржа независната листа за општинскиот Совет!

Во истите моменти кога лидерот на ДУИ Али Ахмети во „порака до премиерот Христијан Мицкоски“ се закануваше дека „ќе се цепи Македонија на албански и бугарски дел, ако не влезела во ЕУ“, кога се фалеше со „единството на политичките сили“ во неговата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), неговиот „омилен сопартиец“ и градоначалник на Струга Рамиз Мерко веќе му ја расцепи НАИ во Струга, ем и му ги „разголи“ лагите оти има „единство“ во опозициската коалиција! Мерко ги повика директно гласачите на Струга не само да гласаат за независната кандидатска листа за Советот на општина Струга, а не за ДУИ, туку и „да бидат понастрана од партиите“, уште поточно понастрана од ДУИ!

„Се случува уште еден голем раскол во Националната алијанса за интеграција во Струга: овој пат сегашниот градоначалник Рамиз Мерко отворено се изјасни во поддршка на независната листа за Советот на Струга, со што им го сврте грбот на АКИ и лидерот на ДУИ Али Ахмети!“извести информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“, по објавата на Мерко на фејсбук, со која тој се огласи со поддршка за независната листа за Советот на Струга.

Во овој контекст порталот ја пренесе оваа објава на Рамиз Мерко на општествената мрежа: „Цврсто ја поддржувам независната листа за Советот на Струга. Овие поединци покажаа интегритет и подготвеност да работат за доброто на нашиот град. Ги поканувам сите оние, кои веруваат во слободниот глас на граѓаните да ѝ се придружат на мојата поддршка. На гласачкото ливче, гласајте за бројот 120! Ова е избор за граѓаните, од граѓаните.“

Најнови вести од: Македонија

Штип ги награди најдобрите ученици во општината

Општина Штип денеска на свечен начин ги промовираше првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип. По четврти пат се доделуваат прзинанија и парични награди за најдобрите ученици во една генерација. Градоначалникот на општина Штип,Иван Јорданов истакна дека со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања

Д-р Рендевски: Органодарителството е висок морален и хуман чин

Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи

Рудник Саса го одбележа Светскиот ден на животната средина со иницијатива за биодиверзитет и климатска акција

Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина ( World Environment Day 2026 ), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay), насочена кон подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, зачувувањето на природата и потребата од климатска акција

To top