Македонија

Пиварa Скопје го претстави Скопско Weiss – првото македонско пченично пиво

Скопско Weiss ќе биде достапно во пакување од 0,5л. во стаклена амбалажа и лименка, како и точено во низа ресторани и кафулиња

Пиварa Скопје го претстави првото пченично пиво создадено во Македонија – Скопско Weiss. Со оваа новина, Пиварa Скопје, како лидер на пазарот во производство на пиво и безалкохолни пијалаци, ја потврдува својата посветеност кон иновациите и квалитетот, збогатувајќи ја домашната понуда со уште едно пиво со врвен квалитет и специфичен вкус, кое ќе биде препознатливо по својот автентичен македонски потпис. Скопско Weiss е создадено со внимателно избрана комбинација од врвен пченичен и јачменов слад, збогатена со хмељ од благородни сорти и суптилни овошни ноти, карактеристични за оваа категорија пива. Се одликува со светла златна боја и богата, кремаста пена, а неговиот вкус е префинето балансиран – со лесна сладост, нежна киселост и едвај забележлива горчина. Благодарение на квалитетните состојки и иновативниот процес на производство, секоја голтка носи чувство на леснотија и освежување, правејќи го идеален избор за секоја пригода.

„Со Скопско Weiss отвораме ново поглавје во развојот на пивската култура во Македонија. Ова не е само нов производ – тоа е израз на нашата визија да ги следиме светските трендови, но и да останеме верни на локалниот дух. Сакаме да им понудиме на потрошувачите пиво кое носи свежина, автентичност и современост, создадено со мајсторство и страст. Веруваме дека Скопско Weiss ќе стане симбол на нови вкусови, нови моменти и нови начини на уживање во пивото – и токму затоа сме горди што токму од Пивара Скопје доаѓа нешто што ги обединува традицијата и иновацијата“, изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје.

Процесот на создавање на ова прво индустриско пченично пиво во земјава е резултат на посветеност и експертиза, нагласи Александар Бојаџиски, директор на производство на пиво во Пивара Скопје.

„За нас во Пивара Скопје ова пиво е и симбол на нашата посветеност кон квалитетот, на нашата желба за иновација и на нашата цел да им нудиме на потрошувачите, не само она што веќе го сакаат, туку и нешто ново во кое ќе се вљубат. Покрај традиционалните лагер пива, сакавме да креираме пиво што може да стои рамо до рамо со големите пченични пива во светот, а истовремено да ја носи препознатливата автентичност и квалитет на Скопско. Создавањето на Skopsko Weiss беше патување полно со учење и страст. Пивските мајстори вложија многу труд за да ја најдат вистинската рамнотежа, за да бидеме сигурни дека секоја голтка носи квалитет достоен за Скопско, но и отвора врата кон нов свет на вкусови. Лично многу сум горд на она што го постигнавме заедно“, рече Бојаџиски.

„Скопско Weiss е создадено како одговор на сè поголемата желба на потрошувачите за автентични вкусови и локален карактер. Во момент кога пивската сцена во земјата бележи раст, почувствувавме вистинска потреба да понудиме пиво кое ги спојува традицијата и мајсторството, со свежата енергија на новите генерации. Ова пиво е наменето за искусните пивопијци – оние кои го доживуваат пивото како ритуал и уживаат во богатството на категоријата, но и за младите возрасни потрошувачи кои бараат новитети, нешто што им отвора нова перспектива и им овозможува да бидат дел од трендовите. Со ова пиво, не само што го збогатуваме пазарот со нов избор, туку и активно придонесуваме за развојот на пивската култура во земјава, мотивирајќи ги луѓето да истражуваат, дегустираат и уживаат во пивото на еден нов начин“, изјави Марта Завкова, менаџерка за маркетинг на пиво во Пивара Скопје.

Скопско Weiss ќе биде достапно во пакување од 0,5л. во стаклена амбалажа и лименка, како и точено во низа ресторани и кафулиња низ целата земја.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top