Свет

Осум повредени во напад со молотови коктели во Колорадо

Четириесет и петгодишен маж кој извикувал „Слободна Палестина“ фрлил молотови коктели во група луќе кои демонстрираа во спомен на израелските заложници што останаа во Газа, соопштија властите.

Специјалниот агент на ФБИ, задолжен за теренската канцеларија во Денвер, Марк Михалек, рече дека осум лица, на возраст од 52 до 88 години, биле префрлени во болници.

„Врз основа на овие прелиминарни наоди, јасно е дека ова бил намерен чин на насилство и ФБИ го истражува како терористички чин“, рече тој.

Михалек го идентификуваше осомничениот како Мохамед Солиман. Солиман беше хоспитализиран кратко време по нападот.

Солиман, египетски државјанин, имал истечена виза во 2023 година. Си-Би-Ес објави дека неговото барање за азил било одбиено уште во 2005 година, но не е јасно кога и како повторно влегол во САД.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, го опиша инцидентот како „терористички напад“, а главниот обвинител на Колорадо, Фил Вајзер, рече дека случајот изгледа како „злосторство од омраза, со оглед на групата што беше цел“.

Шефот на полицијата во Болдер, Стивен Редферн, рече дека не верува оти некој друг е вмешан.

„Релативно сме уверени дека го имаме единствениот осомничен во притвор“, рече тој.

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top