Спорт

Укината суспензијата, руските параолимпијци пак под своето знаме и химна

Меѓународниот параолимписки комитет со идентична одлука и за спортистите со инвалидитет од Белорусија

Параолимпијците од Русија и од Белорусија од денеска повторно ќе можат да учествуваат на меѓународните натпреварувања под името, знамето и химната на својата земја, што им беше оневозможено досега поради санкциите кон нивните држави по почетокот на војната во Украина.

Меѓународниот параолимписки комитет (ИПК) денеска преку два круга гласање ја укина „делумната и привремена суспензија на Рускиот параолимписки комитет“, која значеше дека руските параолимпијци можеа да настапуваат само поединечно, како „неутрални спортисти“, без национални симболи.

Во првиот круг од гласањето на Генералното собрание на ИПК во Сеул 111 делегати гласаа против целосната суспензија на МПК, 55 беа „за“, а 11 беа воздржани. Во вториот круг 91 делегат гласаа за укинувањето и на делумните суспензии, 77 беа „против“, а 8 беа воздржани.

„Сите руски параолимпијци мора да се натпреваруваат под знамето на својата земја и, додека стојат на највисокото скалило на подиумот, да ја слушаат руската химна!“, објави ИПК.

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top