Македонија

Портали лажеле дека Сиљановска Давкова објавила фотографија со ,,восочен” Доналд Трамп

Наведените портали практично ја обвинија и Белата Куќа дека споделува фотографии на ,,восочен” Трамп

Македонски медиуми попладнево лажеле дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова објавила фотографија на која таа според објавените лаги била со ,,восочни” фигури на Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп.

По објавените лаги на порталите 24info.mk, Infomax.mk, 4News и други претседателката реагира со барање медиумите да бидат професионални и да не шират лажни информации.

,,Почитувани, Ве информирам дека фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп.

Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација.

Упатувам апел до медиумите за професионално, одговорно и чесно информирање на јавноста, со почитување на вистината како највисок демократски принцип”, стои во објавата на претседателката на Фејсбук.

Фотографијата која што е објавена од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова е преходно објавена од Белата Куќа што значи дека според горе наведените портали Белата Куќа споделува фотографии на ,,восочен” Трамп.

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: Обвинителството да покрене веднаш истрага зошто Филипче и Младеновска не постапувале, иако имало 400 извештаи за загадената вода во Гостивар!

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар Мартин Андоновски, денеска од прес-конференција побара Венко Филипче и Рената Младеновска да одговорат зошто, како што наведува, со години молчеле за проблемот со загадената вода во Гостивар. „Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори случај по допрен глас и да ги истражи документите, кои ги објавивме во јавноста.“ – нагласи Андоновски.

Средба на министерот Муцунски со вршителката на должноста амбасадор на САД Никол Варнс: Потврдени одличните односи меѓу двете земји

На средбата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска во Скопје со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави Никол Варнс беше разговарано за реформските процеси, но и за натамошното унапредување на заемните односи, со посебна насоченост кон политичката и економската соработка.

Две градинки во Карпош ќе добијат фотонапонски електроцентрали

Советот на Општина Карпош заседаваше по 16-ти пат, во чии рамки беа разгледувани 13 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, советниците ја поддржаа Одлуката со која се дава согласност за кофинансирање на проектот „Карпош SustainableHousing Lab“ кој влијае на намалување на CO₂ емисиите и подобрување на комфорот на живеење. Станува […]

To top