Свет

Лидерите на најмоќните ЕУ членки отпатуваа кај Зеленски

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска отпатуваа во Киев на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски во знак на единство и поддршка, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин ги угости сојузниците на парадата по повод Денот на победата на Црвениот плоштад. „На пат сме кон Киев. За Украина, за Европа“, објави францускиот […]

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска отпатуваа во Киев на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски во знак на единство и поддршка, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин ги угости сојузниците на парадата по повод Денот на победата на Црвениот плоштад.

„На пат сме кон Киев. За Украина, за Европа“, објави францускиот претседател Емануел Макрон заедно со заедничка фотографија со британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и полскиот премиер Доналд Туск.

На средбата во Киев ќе се разговара за американскиот и европскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот во руската војна во Украина, кој, доколку биде отфрлен од Москва, би значел заедничко воведување нови санкции, изјави француски дипломатски извор, додавајќи дека овој чекор сè уште не е финализиран.

Исто така, ова е прв пат лидерите на четири земји – британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и полскиот премиер Доналд Туск – да патуваат заедно во посета на Украина.

„Заедно со САД, ја повикуваме Русија да се согласи на целосен и безусловно 30-дневен прекин на огнот за да се создаде простор за разговори за праведен и траен мир“, се наведува во заедничката изјава на четворицата европски лидери.

Претходно, претседателот на Франција, Емануел Макрон,  остро ги осуди ставовите на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е „на страната на војната“ и додавајќи дека сите кои верувале во спротивното сега се одговорни за своите заблуди.

„ Претседателот Путин е на страната на војната, а не на страната на мирот… и оние кои веруваа дека тој има желба за мир, сами се измамиле“, изјави Макрон на прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск во Нанси, Франција, пренесува „Фигаро“.

Посетата кај зеленски доаѓа откако Путин беше домакин на кинескиот претседател Си Џинпинг и на уште 28 лидери на воена парада на Црвениот плоштад вчера, по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна, испраќајќи пркосна порака дека не е изолиран. 

Истиот ден, европските министри изразија поддршка за специјален суд кој ќе ги гони рускиот претседател и неговите функционери за злосторства на агресија, покажувајќи поддршка за Зеленски, кој во четвртокот го нападна Путин за планирање „парада на жолчка и лаги“.

Најнови вести од: Свет

Ким Јонг Ун со воз се упати кон Пекинг за да присуствува на воената парада

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, денеска отпатува со воз за Пекинг, каде што ќе присуствува на кинеската воена парада. Ова е првпат Ким да учествува на голем мултилатерален дипломатски настан.

Русите сакале да го соборат авионот на Урсула фон дер Лајен, успеале само да го блокираат GPS системот

Портпаролот на Европската Унија денеска потврди дека Глобалниот систем за позиционирање (GPS) на авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, бил блокиран за време на нејзиното патување во Бугарија во неделата, но авионот безбедно слетал.

Путин: „Разбирањето“ со Трамп отвора пат кон мир

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „разбирањето“ постигнато со американскиот претседател Доналд Трамп на нивната средба во август во Алјаска создава можности за решавање на конфликтот во Украина.

To top