Македонија

Петтата генерација на Прогресив академијата во Виница го поставува новиот стандард за лидери во претприемништво

Започна петтата генерација на студенти,  на Прогресив Академијата во Виница, која  овозможува едукација и развој на кадри во претпримништво и менаџмент. Единствена цел на ова неформално образование  е преку практични обуки да создаде лидери кои ќе градат конкуретна економија, посебно во семејните компании и стартап бизниси. „Освен искуството, сакав моето знаење да го заокружам со […]

Започна петтата генерација на студенти,  на Прогресив Академијата во Виница, која  овозможува едукација и развој на кадри во претпримништво и менаџмент. Единствена цел на ова неформално образование  е преку практични обуки да создаде лидери кои ќе градат конкуретна економија, посебно во семејните компании и стартап бизниси.

„Освен искуството, сакав моето знаење да го заокружам со практични примери илии едноставно по препорака дека Академијата ги опфака сите теми во бизнисот„ изјави Диме Поповски.

„Фокусот се става во дел на кокрпоративно управување, како и во семејни бизниси „ изјави Стефан Поп Ацев.

„Погледите ги заокружив. Сега било која задача или проект да ги започнеме се земат сите методи кои овде ги разработувавме и има сосема друг поглед на водење на компаниите„ изјави Стефан Поп -Ацев.

Преку учество во програмата, менаџерите имат можност да научат нови практики во водењето на бизнис, но и да ги надградат и усовршат своите вештини. Академијата претставува столб на современото менаџерско и претприемничко образование во Македонија, на студентите кои ја завршија четвртата и пред новите од петтата генерација им порача Бранко Азески, еден од основачите на Академијата.

„Мислам дека имаме потенцијал којшто може да воспостави основа кој ќе ве подигне на еден повисок степен на размислување . Тоа значи дека овде имаме основ да бидеме на средната линија на изучување на вештините кои ни се потребни„ изјави Бранко Азески, еден од основачите на Акдемијата.

Водењето бизнис носи секојдневни ризици, рече  Глигор Цветанов, директор на Макпрогрес, кој е и член на бордот на директори на Академијата. Ваквите образовни платформи имат за цел да создадат нови генерации на лидери кои ќе бидат подготвени за сите предизвици.  Како пример го посочи големиот пожар што неодамна се случи во нивната компанија. Во такви моменти, сопствениците немаат право да се изгубат во стравот, туку треба да застанат стабилно и да донесат правилни одлуки, рече Цветанов.

„Оваа криза беше суров доказ дека секој бизнис носи ризици. Но, во исто време беше и   најголема лекција-дека токму принципите на Прогресв Академијата се тие што прават разлика-брзината на одлука, решителноста, истрајноста и лидирството„ изјави Глигор Цветанов, генерален директор на Макпрогрес и член на бордот на директори н Академијата. .

Академијата, е прва сертифицирана програма за претприемништво и менаџмент во Македонија.  Со работа започна во 2019 и досега над 40 кандидати  успешно ја имат завршено програмата.

Најнови вести од: Македонија

Светско списание за храна ја прогласи Македонија за „гастрономска кралица на предјадењата“

Се јаде во секоја прилика – за појадок, како прилог до месо или риба, за свечени трпези, но и едноставно, намачкан на леб. Поради разновидноста и богатството на вкусот, често го нарекуваат и „веганскиот кавијар на Балканот“.

За три месеци Клинички ќе добие најмодерен паркинг во Македонија

Алиу рече дека со спојувањето на клиниките на Клиничкиот центар ќе се оди чекор по чекор. Најпрво, ќе се спојат Кардиологија и Кардиохиругија, а потоа и останатите меѓусебно сродни и природно поврзани клиники.

To top