Свет

Проевропската партија победник на изборите во Молдавија

За време на кампањата, партијата предводена од претседателката Маја Санду, вети дека ќе ја внесе земјата во ЕУ во следните пет години.

Владејачката проевропската Партија за акција и солидарност (ПАС), предводена од претседателката Маја Санду, освои 50,03 проценти од гласовите со преброени 99,5 проценти од гласовите од вчерашните избори во Молдавија.

Иако дефинитивно е победник, сè уште не е јасно дали ќе може да го задржи апсолутното мнозинство во 101-члениот парламент, објавува АФП

. Таа е пред прорускиот Патриотски блок, кој освои 24,26 проценти.

Прорускиот Патриотски блок на поранешниот претседател Игор Додон освои 24,26 проценти, според резултатите објавени од Централната изборна комисија на нејзината веб-страница.

Додон е лидер на Социјалистичката партија на Молдавија (PSRM) и лидер на изборниот сојуз Блок на патриоти.

Логото на сојузот прикажува бело-црвена ѕвезда со срце внатре, со „вграден“ советски симбол на срп и чекан во неа.

Додон се опишува себеси како десничар, посветен на „традиционалните вредности“ и сака да ги завршува своите видеа со христијанскиот православен поздрав „Бог да ни помогне!“.

Следуваат проевропскиот блок Алтернатива (8,41 проценти), Наша партија (6,27 проценти) и Демократија дома (6,28 проценти).

Доколку владејачката партија го задржи апсолутното мнозинство, таа ќе продолжи да ја води земјата кон целта на партијата за пристапување во Европската Унија до 2030 година.

Во спротивно, таа ќе биде принудена да бара коалиција со помалите партии.

Владејачката партија има мнозинство од 61 од 101 места во националниот парламент од 2021 година.

За време на кампањата, таа дури вети дека ќе ја внесе земјата во ЕУ во следните пет години.

Најнови вести од: Свет

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top