Свет

Источното крило на НАТО бара Украина да влезе во Алијансата

Членките на НАТО од северна, балтичка и централна Европа се посветени на членството на Украина во воениот сојуз, изјавија лидерите на Полска, Романија и Литванија по самитот во Вилнус во понеделник, објави Ројтерс. Сојузниците на НАТО ја искажаа својата поддршка за „неповратниот пат“ на Украина кон членство на самитот во Вашингтон минатата година. Но, претседателот […]

Членките на НАТО од северна, балтичка и централна Европа се посветени на членството на Украина во воениот сојуз, изјавија лидерите на Полска, Романија и Литванија по самитот во Вилнус во понеделник, објави Ројтерс.

Сојузниците на НАТО ја искажаа својата поддршка за „неповратниот пат“ на Украина кон членство на самитот во Вашингтон минатата година.

Но, претседателот Доналд Трамп оттогаш изјави дека претходната поддршка на САД за кандидатурата на Украина за НАТО била причина за војната и дополнително посочи дека на Украина нема да ѝ биде доделено членство.

Рускиот претседател Владимир Путин постави услови за завршување на војната во Украина, вклучително и барање за писмен договор за запирање на проширувањето на НАТО кон исток и укинување на некои санкции против Русија.

Путин сака писмено ветување дека Украина нема да биде примена во НАТО.

Сепак, лидерите на Полска, Романија и Литванија ја изразија својата цврста поддршка за Украина во нејзиниот процес на интеграција во НАТО и повикаа на зголемен притисок врз Русија, вклучително и преку дополнителни санкции.

„Цврсто ја поддржуваме одлуката и посветеноста на сојузниците во врска со неповратниот пат на Украина кон целосна евроатлантска интеграција, вклучително и членството во НАТО. Украина има право сама да ги избере своите безбедносни мерки и да одлучи за својата иднина, без надворешно мешање“, се вели во заедничкото соопштение издадено во име на сите учесници на состанокот.

Украина доби покана за учество на претстојниот самит на НАТО во Хаг, изјави претседателот Володимир Зеленски денес пред новинарите.

„Бевме поканети на самитот на НАТО. Мислам дека тоа е важно“, рече тој. Поканата до Украина беше испратена за време на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Вилнус.

Зеленски не кажа дали ќе патува сам во Холандија. Самитот на земјите-членки на воениот сојуз на НАТО треба да се одржи во Хаг за нешто помалку од три недели.

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top