Македонија

Нино Васев бара Државниот јавен обвинител да го преземе случајот

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти, се одложува за 8 октомври, откако одбраната на првообвинетиот Васев побара државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или да го делегира на друго обвинителство. – Со оглед на предлогот упатен […]

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти, се одложува за 8 октомври, откако одбраната на првообвинетиот Васев побара државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или да го делегира на друго обвинителство.

– Со оглед на предлогот упатен до државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со кој се бара преземање на кривично гонење, по кој поднесок е потребно да одлучи јавниот обвинител на РСМ, Судот констатира дека не се исполнети законските услови за водење на постапката. Од тие причини главната расправа се одложува за 8 октомври – рече судијката Снежана Марковска.

Пред почетокот на рочиштето бранителот на Васев, адвокатот Спиро Ристовски достави до Судот барање за делегирање на надлежност од ОЈО Скопје на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и тој целосно да ја преземе постапката или да го делегира на друго јавно обвинителство.

Јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска побара одложување на денешното рочиште, затоа што, како што рече, не може да се произнесе по ова барање и мора да го достави до таму каде што тоа е упатено.

Бранителите на првообвинетиот Нино Васев, адвоктите Мартин Митровски и Никола Ставрев пред почетокот на денешното рочиште го известиле Судот дека го повлекуваат полномошното, а нови бранители на Васев се адвокатите Дељо Кадиев и Спиро Ристовски.

Денешното рочиште требаше да продолжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои беа повикани денеска во Основниот кривичен суд Скопје.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина пред судот, по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Најнови вести од: Македонија

Директна порака до пратеничките на СДСМ Бисера Костадиновска и Јована Тренчевска

Екс-ракометарот и бизнисмен Мартин Клинчаров го брани проектот „Скопје 2014“ и ја критикува СДСМ од каде за разлика од Јелена Докиќ која ја промовира Македонија, истиот го сатанизираат

Во клиниката за инфективни болести во Скопје двајца пациенти со западнонилска треска се во критична состојба

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска, се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денов се чекаат лабораториските резултати од Институтот за јавно здравје.

Митева: На 16 јули во Струмица ќе настапат најголемите уметници во електронската музика Пол ван Дајк и Пол Окенфолд!

Двајца од најголемите и највлијателни уметници во електронската музика Пол ван Дајк и Пол Оукенфолд ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“. Оваа манифестација започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје.

Турската кинематографија во фокусот на Beach Film Festival Ohrid

Учеството на Република Туркије како земја во фокус на деветтото издание на Beach Film Festival Ohrid уште еднаш ја потврди важноста на филмот како мост за културна соработка, меѓународно поврзување и промоција на културното и туристичкото богатство на Туркије.

За завршување и целосно опремување на новата Клиничка болница во Штип – 109 милиони евра

Завршувањето и целосното опремување на новата Клиничка болница во Штип, инвестиција проценета на околу 109 милиони евра, беше тема на денешната средба меѓу министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, градоначалникот на Штип Иван Јорданов, раководството на Клиничката болница и претставници на Светската банка.

To top