Македонија

Тројца уапсени: Од Скопје за Тетово возел 221 km/h, а дозволено е 100 km/h

Билтен во МВР

На 30.09.2025 во периодот од 15:50 до 17:30 часот на автопат Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од  слобода И.У.(36) од Гостивар, Р.А.(20) од Струга и Б.Љ.(23) од Тетово.

При сообраќајна контрола со радар констатирано е дека И.У. управувал патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 173 километри на час, дека Р.А.(20) од Струга управувал патничко моторно возило ,,ауди“ со струшки регистарски таблички со брзина од 181 километри на час и дека Б.Љ.(23) од Тетово управувал патничко моторно возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина од 221 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од: Македонија

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море. Драмата се заканувала […]

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

To top