Македонија

Започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“

Денес официјално започнува

Денес официјално започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија и регионот „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“, посветен на развојот на претприемачкиот дух и креативни бизнис идеи кај младите.

Главната награда за најдобрата бизнис идеја изнесува 1.000.000 денари.

Организатори на натпреварот се Brainster Next College-првиот практичен факултет за дизајн и ИТ во Македонија и регионот, и NU High School Academy-академијата за талентирани средношколци.

Право на учество во натпреварот имаат сите средношколци од прва до четврта година.

-Нашата цел е да им дадеме простор на средношколците да размислуваат како претприемачи, да развиваат креативни идеи и да учат преку реални предизвици. Во време кога младите бараат шанса да го покажат својот талент и визија, овој натпревар е токму тоа – платформа што ги мотивира да бидат проактивни и да ја гледаат иднината со повеќе можности, објаснува Огнен Трипуноски, оперативен директор во групацијата Бреинстер.

Натпреварот се организира во неколку фази:

• Прва рунда: Од 1 до 26 октомври, сите заинтересирани средношколци ја доставуваат својата иницијална бизнис идеја на страната milioner.mk. Се охрабруваат средношколците да формираат тимови од 3 до 6 учесници, за да има поголема вредност и да се пробијат подалеку низ рундите. На крајот од рундата се одбираат 50 победнички идеи кои продолжуваат во следната рунда.

• Втора рунда: Најдобрите 50 идеи продолжуваат на јавно гласање во периодот од 3 до 16 ноември. Оние 20 кои ќе освојат најмногу гласови во процесот на гласање продолжуваат во следната рунда. Гласањето се отвара со старт на рундата и се затвора со крај на рундата. 20-те победнички бизнис идеи во периодот кој следи добиваат бесплатна подготовка со ментори за последните 2 рунди.

• Трета рунда: На 29.11 во просториите на академијата НУ и колеџот Некст 20-те полуфиналисти ка презентираат својата идеја во времетраење од 90 секунди пред група инвеститори кои ќе ги одберат најдобрите 10 што ќе продлжат во следната рунда.

• Финале: Големото завршно натпреварување ќе се одржи на 30.11 во просториите на академијата НУ и колеџот Некст каде финалистите презентираат за 5 минути пред група инвеститори кои ќе ја одберат победничката бизнис идеја која ќе освои 1.000.000 денари.

-Ги охрабруваме сите средношколци да се пријават и да ја искористат оваа шанса. Со нетрпение очекуваме да видиме што ќе создадат нашите млади таленти, појаснува Трипуноски.

„СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“ е вистинска можност младите да ги развијат своите идеи, да учат од искусни ментори, да стекнат контакти и да се подготват за иднината како лидери и претприемачи.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top