Македонија

Алиу: Победа за ВРЕДИ е и една општина повеќе од ДУИ

Коалицијата Вреди ќе ги смета локалните избори за победа ако освои барем една општина повеќе од ДУИ

Коалицијата Вреди ќе ги смета локалните избори за победа ако освои барем една општина повеќе од ДУИ, изјави Азир Алиу. Тој посочи дека најжестока битка се очекува во Чаир, каде ќе се соочат Изет Меџити и Бујар Османи, и нагласи дека исходот таму може сериозно да ја одреди иднината на двете партии.

Алиу оцени дека Вреди има шанси за победа уште во првиот круг во општините Чаир, Тетово, Желино, Боговиње, Струга и Дебар, додека втор круг очекува во Врапчиште, Гостивар и Кичево. Тој подвлече дека секој глас е важен на локалните избори.

Во однос на евроинтеграциите, Алиу изрази увереност дека Македонија и Албанија заедно ќе станат членки на Европската Унија до 2030 година, нагласувајќи дека сите политички партии во земјата работат за тој заеднички стратегиски интерес.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top