Бизнис

Исплатена нова транша од 19,4 милиони евра за поддршка на домашните фирми

Во Буџетот за оваа година се предвидени вкупно 250 милиони евра за поддршка на инвестиции. Очекувањата се дека оваа државна поддршка ќе покрене приватни инвестиции во вредност од околу 300 милиони евра.

Министерството за финансии вели дека е исплатена нова транша од 1,2 милијарди денари односно 19,4 милиони евра од Централниот Буџет кон Развојната банка на Македонија. Овие средства се директно наменети за поддршка на инвестициските проекти на домашните компании. Како што појаснуваат од Министерството, оваа финансиска поддршка се обезбедува под поволни услови преку рамката на унгарскиот заем.

Со оваа исплата, вкупната сума која е исплатена кон домашната економија преку оваа мерка, од Финансии велат дека е достигната на 190,5 милиони евра. Мерката има за клучна цел да го поттикне и засили инвестицискиот циклус во приватниот сектор.

Во Буџетот за оваа година се предвидени вкупно 250 милиони евра за поддршка на инвестиции. Очекувањата се дека оваа државна поддршка ќе покрене приватни инвестиции во вредност од околу 300 милиони евра.

Претходно во август беше исплатена петатта транша од 700,9 милиони денари, односно 11,3 милиони евра.

Компаниите имаат пристап до кредити со рок на отплата до 15 години и грејс период до три години. Каматната стапка изнесува 1,95 проценти без дополнителни надоместоци за одобрување, управување и предвремена отплата на средствата. Максималниот износ на кредитот ќе биде до 10 милиони евра во денарска противвредност, а во целиот проект се вклучени сите 13 банки.

Договорот за заем со Унгарската експорт-импорт банка беше потпишан пред една година во Будимпешта. Кредитот е во висина од 500 милиони евра со каматна стапка од 3,25 отсто, со период на отплата од 15 години, односно вклучен грејс период од три години. Тие влегоа како средства во буџетот, од каде 250 милиони евра се насочени кон Развојната банка, а таа преку комерцијалните банки ќе ги пласира на приватниот сектор за инвестиции, а останатите 250 милиони евра се наменети за инфраструктурни проекти, односно за финансирање на проектите на општините.

Средствата станаа оперативни откако Владата на седница на 28 јануари годинава донесе одлука за нивно ставање на располагање на компаниите.

Најнови вести од: Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

Синдикалната минимална кошница за јуни тежи 68.654 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари, што е намалување за 88 денари во споредба со мај, кога за покривање на основните месечни трошоци на едно домаќинство биле потребни 68.742 денари.

To top