Свет

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште една година поради хибридни напади

Во услови на континуирани хибридни закани од страна на Русија насочени против Европската Унија и нејзините земји членки и партнери,

Во услови на континуирани хибридни закани од страна на Русија насочени против Европската Унија и нејзините земји членки и партнери, Советот на ЕУ реши за уште една година, до 9 октомври 2026 година, да ги продолжи индивидуалните рестриктивни мерки против лицата одговорни за овие дестабилизирачките активности во странство.

Со овие санкции досега се опфатени 47 поединци и 15 субјекти на кои им се замрзнати средствата во ЕУ, а на европски граѓани и компании им е забрането да им ставаат на располагање средства, финансии или економски ресурси. Дополнително на физичките лица им е забрането патување, влез или транзит низ територијата на ЕУ.

Рамката на санкции како одговор на руските дестабилизирачки активности е воспоставена на 8 октомври 2024 година и со нив се опфатени физички и правни лица вклучени во постапките и политиките на Русија насочени кои поткопување на фундаменталните вредности на ЕУ и на нејзините земји членки, како и нивната безбедност, стабилност, независност и интегритет. Со овој режим на санкции се опфатени и одговорните за хибридни активности против трети земји и меѓународни организации.

Опсегот на оваа рамка на санкции беше проширен во мај 2025 година и со таргетирање на финансиските поддржувачи на дестабилизирачки активности и со можност за одземање на лиценците за емитување на руските медиуми вклучени во ширењето дезинформации.

Европската Унија во континуитет ги осудува хибридните кампањи на Русија насочени против ЕУ, нејзините земји членки и партнери, кои опфаќаат намерен и систематски модел на злонамерно однесување, меѓу кои и кибер и физички напади, акти на саботажа, оштетување на критичната инфраструктура, манипулации, ширење дезинформации и други тајни или насилни активности, кои дополнително ескалираа од почетокот на руската агресија врз Украина.

Оваа рамка санкции е дел од спектарот на достапни алатки на ЕУ и нејзините земји членки насочени кон заштита, спречување, одвраќање и одговор на злонамерното однесување.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top