Македонија

Мицкоски: ДУИ нè враќа назад, Левица безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Тие се тие две практично концепти. Тие се тие две спротивставени страни коишто ќе се соочат на овие избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање и зборуваше за опозициските партии и нивните претседатели, кои како што вели тој, водат црна кампања и функционираат како непринципиелна коалиција. Мицкоски потсети на тоа што правеше Левица, кога рушеше се што е на народот, и каква кампања водат Али Ахмети и ДУИ, од кои СДСМ зборува за дом, а имаа 7 години да зборуваат и направат нешто за тоа, додека ДУИ ја враќа кампањата со децении наназад, што не соодветствува со светските стандарди.

,,Кога сме кај политичките пораки, мојата политичка порака е за да нема дилема. На овие локални избори, бираме помеѓу две концептуално спротивставени опции. Едната е онаа тивка коалиција, која што ја сочинуваат три политички партии, тоа е СДСМ, ДУИ, и политичката партија Левица. Тоа се трите политички партии коишто ја сочинуваат онаа концептуално различна понуда од нашата, која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие се тие две практично концепти. Тие се тие две спротивставени страни коишто ќе се соочат на овие избори“, рече Мицкоски.

Мицкоски зборуваше за коалицијата Ахмети, Филипче, Апасиев, и истакна дека нивната заедничка поврзаност е гневот кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа непринципиелна коалиција, составена од овие три чинители. Венко Филипче, Али Ахмети и Димче Апасиев се здружила, жедна и гладна за власт, моќ, привилегии. Но исто така, најважната работа којашто нив ги поврзува, е големиот гнев кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е точката која што овие три политички партии ги поврзува. Гневот кон ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Мицкоски.

Мицкоски се осврна на сите политички партии потсетувајќи прво што правеше Левица како дел од Шарените кои рушеа се што е создадено со народни пари, дека земаа пари од СЈО кое имаше за цел да го руши ВМРО-ДПМНЕ, а денес безмилосно ја цицаат самата партија.

„Сетете се 2015-2016 што правеа тие низ Македонија. Фарбаа, уништуваа, палеа државен ваш имот направен, со ваши народни пари, за да по насилен пат симнат една влада која што имаше легитимитет од народот. Тоа беше врхушката на денешната политичка партија Левица. Дел од нив станаа составен дел од СЈО, кое што имаше една задача пред себе, а тоа беше да врши тортура и политички прогон врз членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше единствената задача кое што ова СЈО ја имаше пред себе. До ден денеска кога гледаме како ја цицаат сопствената партија Левица “.

Мицкоски се осврна и на кампањата на ДУИ и Филипче.

„Венко Филипче излезе пред граѓаните со слоган ,,Се бориме за нашиот дом“ . Прашањето е за кој дом? За хациендите во Дубаи, за хациендите на Халкидики, за јахтите на Халкидики, за фирмите во Петрич. За што се борат? Имаа тие можност да се борат за својот дом 7 години. ДУИ и Али Ахмети, цела кампања ја водат враќајќи не наназад цели децении, 30-40 години, потсетувајќи не за некакви средби со генерали, или не знам што. Во кампања во која што треба да зборуваме за иднина, во кампања во која што светот зборува за вештачка интелигенција, кога светот зборува за големиот зелен договор, кога светот зборува за освојување на космосот“, заклучи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Ноќеска во Солун маскирани лица се судриja со полицијата, се користеa „молотови коктели“, шок-бомби и солзавец, приведени 309 лица!

Сериозни инциденти се случија во текот на ноќта пред Политехничкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун меѓу маскирани лица и полицијата, при што приведени се 309 лица, повреден е еден полицаец, а предизвикана е материјална штета на паркирани автомобили, јави МИА од Атина.

„Политико“: Норвешкиот експремиер Јагланд под истрага за корупција и врски со Епштајн – Во 2012 се интересирал за „необичните млади девојки од Албанија“!

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд се соочува со полициска истрага поради наводна корупција во врска со неговиот контакт со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, додека бил претседател на Нобеловиот комитет и шеф на Советот на Европа! Името на Јагланд повторно се појави во најновиот бран документи од фајловите на Епштајн, објавени минатата недела. Во еден е-мејл од 2012 година Јагланд го информира Епштајн за „необични млади девојки“ во Албанија, додека во друг од 2013 година, тој вели „видовме слики од вашиот остров и би ни било драго да го посетиме“. Јагланд изјави за норвешкиот весник VG дека никогаш не бил на островот Епштајн. Ова го објави денес аналитичкиот портал „Политико“ од Брисел во својата статија со наслов „Поранешниот норвешки премиер под истрага за корупција поради досиејата на Епштајн“.

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, работиме засилено на точки, кои со години беа закочени, а дел од нив останаа само лажно ветување!

„Скопјани заслужуваат град со визија, ред и достоинство. Изминатава седмица работиме со засилено темпо на точки, кои со години беа закочени, а дел од нив останаа само лажно ветување. Денес, тие напредуваат.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиовски.

Николоски: Новиот состав на ИК на ВМРО ДПМНЕ ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори

По синоќешниот избор на новиот ИК на партијата Николоски се заблагодари за довербата, што му ја укажа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top