Македонија

Сиљановска-Давкова на Состанокот на лидерите на земјите од Процесот „Брдо-Бриони“

Во фокусот на годинашниот состанок ќе бидат неколку теми: Европската интеграција, Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци (brain drain), како и регионалната соработка и безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Драч, Република Албанија, заради учество на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“.

Во фокусот на годинашниот состанок ќе бидат неколку теми: Европската интеграција, Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци (brain drain), како и регионалната соработка и безбедност.

Главната цел на процесот е интеграција на сите земји од регионот во Европската Унија, како и стабилизирање на состојбите на Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка. Лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“ се состануваат најмалку еднаш годишно.

Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска. Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ.

Најнови вести од: Македонија

Филипче инсистира на референдум: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

Филипче повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет и побара граѓаните да добијат можност директно да се изјаснат за иднината на државата преку референдум.

ВМРО-ДПМНЕ: Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур

Манасиевски порача дека специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче треба да му пренесе на новиот бугарски премиер Румен Радев дека Македонија „нема да се помести ниту милиметар“ додека не се исполнат обврските.

За компаниите што не ги почитуваат правилата на пазарот – 200.000 евра казни

Измените, треба да обезбедат посилна заштита на производителите и добавувачите, особено во секторот на храна и земјоделски производи, каде најчесто се јавуваат спорови околу условите за соработка со големите трговски синџири

To top