Свет

Падна француската влада!

Изненадувачкиот потег доаѓа само 26 дена откако Лекорну беше именуван за премиер, по падот на претходната влада на Франсоа Бајру

Францускиот премиер Себастијан Лекорну и неговата влада денес поднесоа оставка, само неколку часа откако премиерот го именуваше својот кабинет, соопшти канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон, јавуваат медиуми.

Елисејската палата издаде соопштение откако Лекорну утрово одржа едночасовен состанок со претседателот Емануел Макрон.

Изненадувачкиот потег доаѓа само 26 дена откако Лекорну беше именуван за премиер, по падот на претходната влада на Франсоа Бајру.

Неколку партии во Националното собрание остро го критикуваа составот на кабинетот на Лекорну, кој во голема мера остана ист како оној на Бајру, и се заканија дека ќе го соборат со гласање.

Паѓаат влади во Франција, само Макрон е „незаменлив“

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

To top