Македонија

Муслиманските верници слават Курбан Бајрам

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод денешниот празник Курбан Бајрам. Фетаи во пораката вели дека Курбан Бајрам е голем и благословен празник кој ги содржи божествените настани, кои се извор на инспирација за подигнување на свеста на верникот за љубовта и посветеноста кон Семоќниот Алах. Поглаварот […]

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод денешниот празник Курбан Бајрам. Фетаи во пораката вели дека Курбан Бајрам е голем и благословен празник кој ги содржи божествените настани, кои се извор на инспирација за подигнување на свеста на верникот за љубовта и посветеноста кон Семоќниот Алах.

Поглаварот на ИВЗ во пораката нагласува дека големината на овој празник се состои во фактот дека во овие денови се комплетирало објавувањето на славниот Куран, се извршува аџилакот – петтиот исламски столб, и верниците го исполнуваат својот обврзувачки чин на принесување курбан заради Семоќниот Алах.

„Во време на големи предизвици, овој празник нè потсетува на неопходноста да се работи на елиминирање на проблемите со кои се соочува човештвото, да се искорени сиромаштијата и да се донесе спокој и благодет во животот. Курбан Бајрам нека биде прилика за враќање кон себеси, за избегнување на злото и за повторно посегнување кон доброто, блискоста, мирот, еднаквоста, праведноста и љубовта кон Семоќниот Алах“ вели поглаварот на ИВЗ во честитката по повод празникот.

Алссат објави дека и оваа година цените на добитокот кој се принесува за курбан драстично се зголемија.

Во Скопје, цената на овен се движи од 200 до 600 евра. Продавачите велат дека имаат трошоци, додека купувачите се жалат на цените.

Цената на добитокот за курбан оваа година се движи од 200 до 2 илјади евра за крупниот добиток додека цената на овој овен оваа година е 600 евра“, пишува Алсат.

To top