Македонија

Првиот градоначалник на Кавадарци Илија Чулев: Мицкоски да истрае до крај да ја обезбеди иднината на државата

Порака

Кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци и актуелен градоначалник, Митко Јанчев, денес го посети Илија Чулев, првиот градоначалник на Кавадарци во Плурална Македонија. Тој е личност која оставила длабок белег во развојот на Кавадарци. Чулев истакна дека посетата на актуелниот градоначалник многу му значи и ги сподели своите видувања. Тој го поддржа премиерот Мицкоски, и му посака сила да истрае, бидејќи, како што вели тој, задачата е многу тешка. Чулев посочи и дека Кавадарци има потенцијал да стане идеално место за живеење.

„Оваа посета ми значи мене многу. Сакам во оваа средба да искажам некои мои видувања. Вие ќе си кажете ваше, што мислите за средбата. Ова е Мицкоски како премиер, нека го чува господ, и бидете со него да му помогнете, да истрае до крај. Државата да ја обезбедиме за нашите деца на иднината. Со правосудството мора да раскине таа работа, од корен, оти основно е за трнежот на државата. Тука е клучот. После доаѓаат безбедносни, внатрешни, образование, медицина. Се е корумпирано“, рече Чулев.

На ова, Јанчев се надоврза и истакна дека Општина Кавадарци има добра соработка како локална власт со централната власт, односно со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој зборуваше и за важните инфраструктурни проекти како обиколницата за Кавадарци, граничниот премин Пуљевац и старечкиот дом.

„Владата што е на чело со господинот Мицкоски, и прекрасната соработка и близина што ја имаме, прво како луѓе пред се, после и како партијци, и нормално како централна и локална власт и сите оние проекти кои што уште од ваше време се замислени. Тоа е за обиколницата за Кавадарци, граничниот премин Пуљевац, патот до Дисан, прочистителната станица, старечки дом, отворен, затворен базен“, вели Јанчев.

На ова Чулев додаде: ,,Имате доста остварено, квалитетни работи имате остварено“.

Јанчев додаде дека со помош на Владата ќе се реализираат проекти кои се вредни над 80 милиони евра во наредните 4 години.

,,Над 80 милиони евра, кои што мислам дека во наредните 4 години заедно со Владата ќе ги спроведеме. Убаво кажавте дека оваа држава мила и драга, има средства, само да не е корумпирана. Да се решат некои работи од корен на државата, мислам дека премиерот е веќе одлучен тоа да го реши и ќе го реши“, кажа Јанчев.

Чулев дополни: „Дај боже, господ да го чува, многу е тешка таа задача“.

Јанчев посочи дека целта е Кавадарци да се обнови и да се подобри инфраструктурата.

„Тешка задача е, тешко да се бори со такви струи. Кавадарци ќе се впише на мапата на град во Македонија и пошироко каде што приматот му е земен малку поодамна, од други причини, а сега да се врати на ниво да биде град број 1, по инфраструктура и по се“, рече Јанчев.

Чулев на крај заклучи: „Да ве спомнуваат за убаво. Дела треба не зборови. Кавадарци може да биде идеално место за живеење. Имаме ресурси“.

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

Пратениците ќе треба пешки да дојдат на работа в Собрание – сите влезови ќе се блокирани

Преку блокада на Собранието утре работниците со уште една порака до пратениците – да го одблокираат законот за минимална плата кој стои заглавен повеќе до една година, а македонските семејства се повеќе тонат во сиромашттија.

Најнови вести

To top