Македонија

Некој скршил стакла на изборен штаб во Градско

Случајот да се расчисти до крај и сторителите да одговараат, бара опозициската партија

 

„Овој насилнички и вандалски чин го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско. Бидејќи нема што да им понуди на граѓаните ДПМНЕ прибегнува кон валкани методи и кршење на демократските стандарди.

СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни. Му порачуваме на ДПМНЕ дека никој не им се плаши. Ги повикуваме јавно, барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, без инциденти“, се наведува во соопштението од СДСМ откако синоќа биле искршени стаклата на изборниот штаб на таа партија во Градско

Оттаму бараат МВР и министерот Панче Тошковски да не ги штитат насилниците, туку веднаш да постапат, без партиски директиви, случајот да се расчисти до крај и сторителите да одговараат.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top