Македонија

Османи: „Меџити се плаши од ТВ-дебата со мене“

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, рече дека одбивањето на неговиот противник, Изет Меџити, да учествува во телевизиските дебати се случува од страв

Османи вели дка Меџити одбил покана на „Телма“, на „ТВ24“, како и на косовскиот медиум Јета Џара“, изјави Османи,и дека дури испратил известување до сите медиуми на албански јазик дека нема да учествува во дебатите.

Тоа, според Османи, е доказ дека се плаши од директна конфронтација и одговорност за своите политики.

„Тој испрати порака до сите медиуми на албански јазик дека нема да учествува во дебатата. Но, јас не го покренав ова како прашање, бидејќи ја гледате мојата кампања – имам толку многу проекти што немам време да се справам со стравот од мојот противник“, рече Османи.

Османи рече дека ваква е ситуацијата, некој се крие, некој нешто крие, и затоа не излегува да се соочи со граѓаните и противничките кандидати.

Најнови вести од: Македонија

Зошто менталното здравје на младите е заглавено помеѓу стигма и тишина?!

Зголемена анксиозност кај населението по ковид: бројки кои загрижуваат. Истражувањата спроведени по ковид-19 пандемијата покажуваат алармантни податоци – повеќе од една третина од возрасното население изјавило дека чувствува зголемен стрес, анксиозност или несигурност, а секој четврти пријавил симптоми на депресија.

To top