Македонија

Од недела стапуваат новите правила за влез и излез од ЕУ

Од недела, 12 октомври 2025 година, стапуваат на сила новите правила за влез и излез во земјите од ЕУ со воведувањето на Системот за влез и излез (EES). Системот ќе се имплементира постепено, со целосна примена од 10 април 2026 година. Оваа дигитална реформа, една од најзначајните во граничното управување на ЕУ, го заменува ставањето […]

Од недела, 12 октомври 2025 година, стапуваат на сила новите правила за влез и излез во земјите од ЕУ со воведувањето на Системот за влез и излез (EES). Системот ќе се имплементира постепено, со целосна примена од 10 април 2026 година. Оваа дигитална реформа, една од најзначајните во граничното управување на ЕУ, го заменува ставањето печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци – фотографија и отпечатоци од прсти – и прецизни записи за датумите на влез и излез.

За кого важи системот? EES се однесува на државјани од земји надвор од ЕУ или Шенген зоната кои патуваат за краток престој (до 90 дена во период од 180 дена), вклучувајќи: • патници ослободени од виза за влез во ЕУ, • патници со виза за краток престој. Граѓаните на земјите-членки на ЕУ и Шенген зоната не подлежат на овој систем.

Земји каде ќе се применува EES Системот ќе функционира на надворешните гранични премини на 29 земји, меѓу кои Грција, Бугарија, Австрија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Цели на системот ЕУ преку EES цели кон: • зголемување на безбедноста со откривање на фалсификувани документи и идентитетски измами, • подобрување на борбата против криминал, тероризам и нелегална миграција, • олеснување на патувањата со побрзи и поефикасни гранични проверки, • обезбедување прецизна дигитална евиденција за времетраењето на престојот, елиминирајќи недоразбирања од рачните печати.

Како функционира системот? При првото патување, патниците ќе поминат низ регистрација со фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување податоци од пасошот. На граничните премини ќе има пунктови за самопослужување, а можно е и предрегистрирање преку мобилни апликации. При следните патувања, проверката ќе биде побрза, бидејќи податоците веќе ќе бидат во системот.

Период на транзиција Од октомври 2025 до април 2026 година, системот ќе се воведува по фази. Во овој период, дел од патниците сè уште ќе добиваат печати во пасошите, додека сите гранични премини не преминат на дигитална евиденција. Од 10 април 2026 година, печатите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.

Заштита на личните податоци Сите податоци ќе се обработуваат и чуваат согласно строгите стандарди на ЕУ и Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR), гарантирајќи заштита на приватноста и транспарентна употреба на информациите.

Апел до граѓаните Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија апелира до граѓаните кои планираат патувања во Шенген зоната да се информираат за новите правила и постапки за навремени, безбедни и непречени патувања.

Најнови вести од: Македонија

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

Мицкоски: Клиничката болница во Скопје ќе се гради кај „Борис Трајковски“

Владата останува цврсто на ставот дека новата Клиничка болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот кај арената „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

To top