Македонија

Дали Ахмети се заканува со распад на Македонија, како што „се распадна и Југославија, поради кршење на правата на Албанците“?!

Шефот на „интегративците“ на митингот во Студеничани „ја нагласи длабоката поврзаност на албанската заедница со нивната територија“ и дека „нивната мисија е 8-те милиони Албанци на Балканот да живеат без граници“!

„Ние сме 8 милиони Албанци и сме клучен фактор за мирот и развојот на Балканот. Ние се занимаваме со меѓународни договори, додека некои други денес се занимаваат со канализација и асфалтирање. Југославија се растури не поради канализацијата и асфалтот, туку затоа што ги кршеше правата на Албанците!“ – кажа синоќа лидерот на ДУИ Али Ахмети на нивниот предизборен митинг во Студеничани. Неговите закани ги пренесоа информативните портали на албански јазик „Тетова сот“ и „Алфакс“.

Медиумите наведуваат: „Ахмети зборуваше за клучната улога на Албанците во развојот на С.Македонија и на Балканот. Во својот говор Ахмети се изјасни против дискриминацијата врз Албанците и ја нагласи длабоката поврзаност на албанската заедница со нивната територија.“

„Тие јавно излегуваат и велат: ‘Кој сака службен албански јазик, нека оди во Албанија или во Косово’. Ние велиме: не! Затоа што нашите родители не нѐ родиле таму. Ние сме родени тука. Овде ги имаме нашите гробови. Тука сме станале господари на нашата историја.’ – нагласи Али Ахмети.“

Тој истакна дека Албанците се важен фактор во регионот и оти ги поминале темните времиња на Милошевиќ и другите периоди. ‘Има 8 милиони Албанци и тие се активен дел од европското образование и развој. Сите ќе бидеме заедно во НАТО и ќе живееме без граници, ова е нашата мисија.’- рече Ахмети.“

„Али Ахмети ја истакна визијата за еднаква Македонија, каде што сите народи имаат целосни права и каде што Балканот е мирно подрачје, со економски напредок и стабилност. Собирот во Студеничани беше организиран во рамките на кампањата на Националната алијанса за интеграција и соработка, со цел зајакнување на соживотот и на одржливиот развој на локално и национално ниво.“ – објавија „Алфакс“ и „Тетова сот“

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top