Македонија

Извештајот за Македонија плаче за Обвинителство, смета бивш бугарски амбасадор во Скопје

Александар Јорданов, поранешен европратеник и амбасадор на Бугарија во Скопје од 2001 до 2005, удри по извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија на патот кон Европската унија и кон известувачот Томас Вајц. „Извештајот за напредокот на Северна Македонија во Европскиот парламент плаче за Обвинителство“, изјави Јорданов, кој објави и книга „Мисија Македонија“, во […]

Александар Јорданов, поранешен европратеник и амбасадор на Бугарија во Скопје од 2001 до 2005, удри по извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија на патот кон Европската унија и кон известувачот Томас Вајц.

„Извештајот за напредокот на Северна Македонија во Европскиот парламент плаче за Обвинителство“, изјави Јорданов, кој објави и книга „Мисија Македонија“, во студиото на „Офанзива“.

Тој нагласи дека македонскиот премиер Христијан Мицкоски цитирал пасуси од нацрт-извештајот дури и пред да биде усвоен, што јасно покажувало, според него, дека имало протекување на интерни информации.

Според Јорданов, авторот на извештајот – европратеникот Томас Вајц од групата на Зелените – дејствувал во тесна координација со македонските власти. Текстот содржел контроверзна формулација за „многувековен македонски идентитет и јазик“, што Јорданов го опиша како груба замена на историската вистина.

„Овој извештај не чини – има речиси 300 предлози за измени во него. Ова значи дека е погрешен“, коментираше Јорданов, објаснувајќи дека Вајц ја заобиколил вообичаената практика на изготвување компромисни текстови меѓу политичките групи во Европскиот парламент.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

To top