Бизнис

Грејната сезона во полн ек, но има многу објекти без парно греење поради дефекти

Грејната сезона почнува на 15 септември и трае до 14 април. Ако прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС, тогаш грејната сезона може најрано да почне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април.

Грејната сезона во полн ек, но има многу објекти без парно греење поради дефекти. И покрај тоа, постојано има поплаки од граѓани. Но, има и потрошувачи кои кои немаат проблем. Од 88 објекти за 24 часа бројката се намали на 79, информираат од ЕСМ снабдување и апелираат потрошувачите побрзо да ги отстранат дефектите со цел непречено снабдување на топлинска енергија.

  • Во моментов, 79 објекти немаат обезбедени услови за испорака поради дефекти во внатрешната инсталација (поправките и редовното одржување се обврска на потрошувачите), оневозможен пристап до топлинските станици или прекин во снабдувањето со електрична енергија потребна за нивна работа, но моментална бројка е во постојан тренд на опаѓање, велат од „ЕСМ топлина.“

Но, иако надлежните уверуваат дека системите се подготвени и испораката на топлинска енергија ќе биде редовна, граѓаните пак велат парно нема. Дел од жителите на општина Аеродром преку социјалните мрежи реагираа дека вчера вечерта останале со ладни радијатори.

Од Регулаторна комисија за енергетика пак велат дека за проблемите со снабдувањето на топлинска енергија но и за дефектите кои се појавуваат граѓаните пријавуваат и кај нив.

Грејната сезона како и секоја година почнува на 15 септември и трае до 15 април. Доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 º С, тогаш грејната сезона може најрано да почне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април. И оваа грејна сезона старуваше со поплаки од граѓаните дека не ја добивата услугата за која плаќаат цела година.

Најнови вести од: Бизнис

Превозниците на 31 август ќе излезат на протест пред седиштето на Делегацијата на ЕУ

Превозниците ќе го одржат протестот еден ден пред состанокот на Работната група во Брисел, од чиј исход, како што велат, ќе зависи дали кон средината на септември ќе почнат со протести и блокади на граничните премини.

Буџетот е во добра кондиција но нема за сѐ, рече министерката за финансии

Буџетот е во добра кондиција и покрај предизвиците. Министерката за финансии Гордана Димитриска Кочоска е задоволна од тоа како се полни државната каса. Солидни резултати имало и кај даноците и кај придонесите.

Соседите профитираат иако рударството им стагнира – Бугарите задоволни од поскапениот бакар, нашиот во Иловица тоне

Рудникот за бакар во Иловица е предвидено да произведува до 16.000 тони годишно, но проектот е во застој. Со прогнозирано активно производство во период до 23 години, овој проект би можел значително да влијае на зголемувањето на македонскиот извоз и врз приходната страна на буџетот.

To top