Свет

Експлозија разнесе зграда во Букурешт (ВИДЕО)

Три лица загинаа, а најмалку 17 се повредени во експлозија што се случи утрово во близина на средно училиште

 

Експлозијата се случи во близина на средно училиште „Димитриу Болинтинеану“ уривајќи ги ѕидовите на зградата и предизвикувајќи паника кај жителите, јавува Антена Обзерватор.

Петтиот и шестиот кат од зградата се исто така целосно уништени.

Голем број пожарникари и служби за итни случаи се на местото на настанот, а сообраќајот е во прекин.

Како што е прикажано на видеата што кружат на социјалните мрежи, делови од фасадата на зградата завршиле на тротоарот, поради што жителите биле евакуирани.

Спасувачите го пребаруваат местото за да утврдат дали некој е под урнатините.

Експлозијата не предизвикала пожар, но штетата е огромна.

Сведоци велат дека експлозијата звучела „како бомба“, а ударниот бран ги потресол прозорците на околните згради.

Според локалните медиуми, најмалку десет деца од блиското училиште побарале медицинска помош откако биле погодени од парчиња стакло. Нивните родители ги однеле дома, а наставата била привремено прекината.

Најнови вести од: Свет

Романија молчешкум го усвои законот за обединување со Молдавија

Романскиот парламент ја потврдува својата приврзаност кон одредбите од Завршниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа во Хелсинки, кој овозможува можност за промена на границите преку мирни и дипломатски средства“

Нафтата поевтинува, Трамп со жестоки критики за нафтените компании кои не ги намалуваат цените за потрошувачите

Според податоците од 23 јуни, националната просечна цена на еден галон обичен бензин изнесувала 3,926 долари, што е значително помалку во споредба со 4,529 долари колку што изнесувала пред еден месец.

To top