Македонија

„Камен“ пијан кавадарчанец предизвикал сообраќајка, му биле измерени 3.32 промили алкохол во крвта

Со патничко возило „застава 101“

Лишени од слобода возачи од Прилеп и Кавадарци поради возење под дејство на алкохол. Кавадарчанецот предизвикал и сообраќајна несреќа.

Како што информираат од МВР, ноќеска (18.10.2025) во 00:00 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„11-ти Октомври“ во Прилеп го лишиле од слобода В.С. од Прилеп.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, кое В.С. го управувал, при што е констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.

Исто така, вчера (17.10.2025) во 19:20 часот, во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци.

При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило „застава 101“ со неготински регистарски ознаки, било утврдено дека С.Ф. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,32 промили алкохол во крвта.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

To top