Македонија

УСС-УКИМ со остра реакција за снимање на студентки во студенскиот дом Гоце Делчев

Ова не е „несреќен случај“ или „непромисленост“, туку акт на сексуално насилство и повреда на основните човекови права

Остра реакција утрово исрпатија утрово од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УСС-УКИМ) по информациите за снимање и сликање на студентки додека се тушираат во бањите на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

– Со најголема вознемиреност и гнев реагираме на информацијата за снимање и сликање на студентки во бањите на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Ова не е „несреќен случај“ или „непромисленост“, туку акт на сексуално насилство и повреда на основните човекови права – се вели во рекацијата на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УСС-УКИМ).

Додаваат дека „она што најмногу вознемирува не е само делото само по себе, туку фактот што ваквите ситуации повторно покажуваат колку е небезбеден просторот што треба да биде дом за младите, идната интелектуална и академска сила на нашата држава“.

– Зад ваквото однесување стои систем што не ја препознава безбедноста на жените како приоритет, како и култура што често молчи пред понижувањето и траумата што тие ја преживуваат. Бараме итна и темелна истрага, одговорност од сите инволвирани институции и јасен план за заштита на студентките.

Без одложување треба да се воспостават безбедносни протоколи, психолошка поддршка и механизми за пријава на вакви случаи, и задолжителни обуки за родова чувствителност за управите на домовите.

Нашите студентски домови мора да бидат катчиња на сигурност, не на страв. Секој кој мисли дека има право да ја наруши приватноста и да го сексуализира телото на една идивидуа треба да знае — ќе одговара – напоменуваат во рекацијата од УСС-УКИМ.

Потоа додаваат дека овој случај ја разоткрива итната потреба од промена на културата што дозволува насилството врз жените да биде премолчено.

– Академската заедница има морална и институционална обврска да се постави против секоја форма на деградација и злоупотреба на женското тело. Безбедноста на студентките не е административна категорија. Ниту една жена не треба да се срами што некој ѝ ја повредил интимноста. Срамот треба да смени страна – завршува на крајот сооштението од УСС-УКИМ.

Најнови вести од: Македонија

Со остранувањето на билбордите, почна реконструкција на застарената Железничка станица во Скопје

Според директорот Железница Инфраструктура проектот за средување на железничката станица во Скопје ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

„Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европска Македонија

Стратегија усвоена на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје – Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија, изјави Антонијо Милошоски пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

(Видео): Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Ќе се градат железници, автопати, ќе се градат здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но, за жал на опозицијата која се обидува да спинува, нема да се градат какви било бегалски кампови, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

План, дами и господа, план што ќе се оствари – ете толку е едноставно

Мора да заборавиме на политиката „Купи ден, продај“. Држава не може да функционира како тезга на пазарче. Краткорочните одлуки безусловно мора да бидат заменети со долгорочен план и систем за управување

To top