Македонија

За Филипче, Преспанскиот договор е добар пример кога два соседа можат да седнат заедно и да решат многу прашања

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на конференција во Атина ги испофали Преспанскиот договор и неговите „архитекти“, експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. „Она што е важно за Преспанскиот договор е тоа што е првиот договор во последните децении постигнат меѓу двете земји, додека во минатото вакви проблеми беа решавани од други моќни сили, од други […]

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на конференција во Атина ги испофали Преспанскиот договор и неговите „архитекти“, експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„Она што е важно за Преспанскиот договор е тоа што е првиот договор во последните децении постигнат меѓу двете земји, додека во минатото вакви проблеми беа решавани од други моќни сили, од други моќни земји и на други начини. Тоа е добар пример кога две соседни земји можат да седнат заедно и да решат многу прашања“, изјави Филипче на Втората меѓународна конференција организирана од Институтот „Алексис Ципрас“.

„Преспанскиот договор е важен, пред сè, затоа што покажува дека, со лидерство и со конкретна визија на лидери како Ципрас и Заев, многу работи можат да се решат. Преспанскиот договор реши децениски спор меѓу Северна Македонија и Грција и ѝ овозможи на Северна Македонија да стане членка на НАТО, но, за жал, не сме во ЕУ. Во моментов имаме авторитарна десничарска влада во нашата земја, која не сака да ја движи земјата напред. Како со вакцината, ја добивме првата доза со НАТО, но не ја добивме втората доза“, додаде министерот за здравство во време на пандемијата од коронавирус.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top