Македонија

ВМРО-ДПМНЕ води во 53 општини

Според првичните официјални резултати објавени од Државната изборна комисија, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ остварува водство во 53 општина

Според првичните официјални резултати објавени од Државната изборна комисија, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ остварува водство во 53 општина во првиот круг од локалните избори, покажувајќи силна поддршка во повеќето делови од земјата.

Партијата Вреди е во предност во 8 општини, додека ДУИ води во 6 општини. СДСМ, од друга страна, има водство во 8 општини, а Демократската партија на Турците успеа да обезбеди предност во една општина, според досегашните податоци.

Во главниот град Скопје, кандидатот Орце Ѓорѓиевски е во водство, додека во Куманово, Максим Димитриевски се наоѓа на втора позиција според резултатите.

Како што објави ДИК, со обработени 28,42% од гласачките ливчиња, во Куманово на прво место е кандидатот на ДУИ, Селвер Ајдини, кој освоил 2.302 гласови, односно 31,91% од гласовите. Зад него е Максим Димитриевски, кој според досегашните резултати собрал 1.824 гласови, или 25,28% од вкупниот број на обработени гласови.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top